Повикани сме

„Зашто, мнозина се повикани (κλητοὶ), а малцина избрани.“ (Мт. 22,14)

„Повикот“ или „призивот“ е општ за сите членови на Црквата, или ekklesia (од грчкиот глагол ekkaleo, што значи „да повикаш“). Сите ние сме „повикани“ по Негова волја (Рим. 8,28), според нашите лични, од Бога дарувани дарови и карактер. Но, не е лесно да се распознае Божјиот глас во нашите животи (односно, нашиот призив), затоа што сме обременети од други гласови. Овие гласови нѐ оттргаат од она што Бог сака да бидеме, и нѐ фрлаат во средотекот на популарните маски позади кои сите ние се чувствуваме безбедно.

Призивот, како што Карл Г. Јунг го дефинира, е „ирацонален фактор што одредува човекот да се ослободи (еманципира) себеси од стадото и неговите изодени патишта“. Односно, призивот нѐ ослободува. Но, Јунг исто така забележува дека призивот е „истовремено и дар и клетва, зашто неговиот прв плод е одделување на една конкретна личност од безличното и несвесно стадо. А тоа значи изолирање.“

Повикани сме

Денес од Бога да побараме храброст да бидеме свои, да бидеме онакви какво што Тој нѐ створил и какви што Тој нѐ гледа, за да бидеме ослободени од носењето маски и од обидите да бидеме некој друг. Денес да го прифатиме Неговиот призив, за да бидеме „избрани“ и ослободени од Него, да бидеме тоа што сме.

Сестра Васса Ларин

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz