Потребата од исповед

ispoved1

Оче, преподобен Марко Подвижник вели: „оној што ги знае работите се исповеда пред Бога не со набројување на согрешенијата, туку со трпение за маките што ќе му се случат“. Што сака да каже?

Верникот треба да се исповеда и пред духовникот, а исто така, за време на молитвата да се исповеда смирено пред Бога, разголувајќи ја душата пред Него, велејќи: „Боже мој, згрешив. Јас сум таков и таков и таков…“ Но, заедно со ова, како лекарство треба да ги прифати и маките што му се случуваат. Преподобниот не вели дека треба да вака, или онака да се исповеда, туку само кажува за трпењето на маките. Што значи „се исповедам“? Не значи ли, објавување надвор, на тоа што го имам во себе си? Ако имаш во себе си добро, тогаш се исповедаш на Господа т.е го славословиш Бога. Ако имаш зло, тогаш ги исповедаш гревовите.

Оче, некои се откажуваат од исповед велејќи дека пак ќе го направат истиот грев, велат: „зошто да одам на исповед да си играм со свештеникот?“

Тоа не е правилно! Тоа е како некој војник да биде ранет и да каже: „Сè уште војанта не е завршена, може повторно да ме ранат, зошто да ја преврзувам раната?“. Но, ако не ја преврзе, ќе искравари и ќе умре. Тие можеби не се исповедаат, но на крај ќе станат неспособни за ништо. Како што гледаш, ѓаволот може да искористува и од позитивните работи и дарови. Ако не ја чистиме со исповед нашата душа, кога паѓаме и се огрешуваме, тогаш ќе ни се врати мислата дека пак ќе паднеме и ќе се огрешиме; тогаш врз старата кал додаваме нова и после тоа тешко е да ја исчистиме.

Свети Паисиј Светогорец

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz