Постејќи за Рождеството Христово

Нa 28 ноември Православната Црква го започна „зимскиот пост“, постот кој нè подготвува за празнувањето на Рождеството Христово. На некој начин слична на патување, постот е древна пракса која нè потсетува дека Божик, односно радоста која ја претставува, е предвкус на Пасхата.

Витлеемската пештера нè потсетува на пештерата во адот (иконите на Слегувањето во адот ја прикажуваат пештерата во адот). Бебето, завиткано во повојни пелени, нè потсетува на Човекот Кој ќе биде положен во лен и положен во нов гроб.

Христос делува преку дело на Божјото велико смирение. Словото постана плот и пребиваше со нас. Истото Слово ќе ни открие уште потаинствено смирение кога ќе ја земе таа иста плот, и ќе ја предаде на цврстото дрво, на Крстот. Влегувајќи во смртта, објавено е крајното смирение Божјо во полнота, смирение кое ќе ја победи сета гордост и ќе ги уништи врските на лукавиот.

Светот започна да пее божикни песни, и божикна музика со слатки бастумчиња, подготвувајќи се за годишната оргија на консумеристичко трошење, обидувајќи се да се задоволиме еден со друг, и да се истрошиме себе си во радоста која на смртта ѝ повикува: „Псссст, те молам, уште еден ден!“

Но, трошењето кое ќе нè ослободи е Крвта Христова слободно пролеана – и тоа е вистинскиот Божикен подарок. Тој е мирот на земјата и благоволението кон човекот. Тој е единствениот подарок кој вреди – и е подарок за Кој вреди да се пости, да се моли: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, смилувај се на нас, и на сиот Твој свет.“

Отец Стефан Фримен

Оставете коментар

1 Comment on "Постејќи за Рождеството Христово"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Постејќи за Рождеството Христово […]

wpDiscuz