Посно Тавче Гравче

beans

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

• 1 мала лажица црвен пипер
• малку сол
• 500 милилитри асло
• 1500 грама кромид
• 1000 грама грав
• 1 главица лук
• 1 мала лажица бибер

ПОДГОТОВКА:

Измијте го гравот. Откако ќе преврие, првата вода се истура. Потоа варете во тенџере со многу вода. Додадете ја исчистената главица лук и малку бибер во зрно.

Додека гравот се вари, во тенџере ставете масло, кромидот исечете го на покрупни парчиња и динстајте го на тивок оган додека стане густ. На крај додадете го мелениот црвен пипер.

Дното од земјената тава се намокрува со вода, а потоа со маслото во кое се пржеше кромидот. Гравот е варен кога ќе омекне, но внимавајте, зрната треба да останат цели.

Со решеткаста лажица се вади гравот, се става во тавата, одозгора се става кромидот и така, сè додека не се потроши целиот материјал, но одозгора треба да се заврши со гравот. Се украсува со суви пиперки, се става во рерна и се пече на тивок оган.

Совет: Додека гравот се вари не се става сол, бидејќи нема никогаш да се свари 🙂

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz