Посна банана торта

Чоколадна торта

Потребно: 1 л. вода, 50 гр. кокос, 350 гр. шеќер, 4 пак. пудинг од ванила, 375 гр. маргарин, 1 кг. банани, 300 гр. кршени посни бисквити.

Подготовка: 100 гр. од шеќерот и целиот кокос, се мелат во блендер за кафе (да биде во прав). Потоа се вари пудингот во кој се става преостанатиот шеќер и шеќерот во прав со кокос.
Откако ќе се излади, се бие со маргаринот и се додаваат бисквитите. Во калап се става најлонска кеса или алуминиумска фолија, па се истура половина од смесата и се реди ред со кругови банана. Потоа се додава преостанатиот фил со бисквити. Се става во ладилник убаво да се стегне и да омекнат бисквитите (најдобро да се остави преку ноќ). Потоа се сече и декорира со посно чоколадо или со посен чоколаден прелив.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz