Видео: Последиците од милитантниот ислам во Сирија

На интернет се појави видео-снимка од сирискиот град Касаб, лоциран на северо-западната граница со Турција, кој од март годинава беше окупиран од страна на војничките групи „Фронт ан-Нусра“ и „Исламски фронт“. За четири месеци, колку што траеше акцијата на сириската војска за ослободување на ова мало гратче, околу 2000 христијани (сирио-јаковити) побегнаа во соседниот град Латакија, а 80 беа убиени.

По конечното ослободување, раселените жители се вратија во Касаб, кадешто ги очекуваше ужасна глетка: црквата е уништена, крстовите се испокршени, а милитантниот ислам не ги поштедил ниту иконите и фреските.

Врска: ArmenPress

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz