После 25 години, доделено албанско државјанство на Архиепископот Анастасиј

Албанскиот Претседател г. Илир Мета, со одлука бр. 10700 му додели албанско државјанство на Претстојателот на Албанската православна црква, г.г. Анастасиј. Декретот е архивиран на 22 декември 2017, стапил на сила веднаш, а е објавен вчера (24 декември 2017), по повод празнувањето на Божик во соседната помесна Црква.

гг Анастасиј

Архиепископот Анастасиј (Јанулатос) е една од најмаркантните личности во Православната Црква денес. Роден е 1929 година во Пиреја, Грција. Пред да дојде во Албанија, десет години бил јерарх во мисијата во Африка (Кенија, Уганда и Танзанија). Неговата работа во Албанија се смета за круна на неговата архиерејска служба, каде после долгогодишното систематско гонење на Црквата, успева да ја возобнови и ревитализира парохиската и епархиската инфраструктура, да го организира црковниот живот, и да го устрои мисионерскиот и богословскиот образовен систем. Бил кандидиран и за Нобеловата награда за мир.

Грчкиот министер за надворешни работи, г. Никос Коѕијас, преку неговиот налог на Твитер ја поздрави ваквата одлука на албанскиот Претседател.

Извор: Ромфеа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz