Посета од хипици

Старец Порфириј ми говореше:

Во една прилика ме посети некој хипик. Беше облечен во едно разнобојно, чудно одело; носеше некакви амајлии и накит; значи, побара да ме види. Монахињите се вознемирија, и дојдоа да ме прашаат што да прават; јас реков да го пуштат да влезе. Штом седна пред мене, ја видов неговата душа. Имаше добра душа, но ранета – затоа беше бунтовен. Му говорев за љубовта, и тоа многу го трогна. „Старче“, ми рече тој, „никој досега не ми говорел вака“. Јас му се обратив по име, и тој многу се зачуди како можам да му го знам името. „Знаеш“, му реков, „Бог ми го откри твоето име. Но, ми откри и дека си патувал во Индија, дека таму си запознал гуруа и дека си ги следел“. Тој уште повеќе се зачуди. Му кажав и други работи за него, и тој замина многу задоволен.

Следната недела – ете го, повторно тој со група хипици. Влегоа сите заедно во мојата келија, и испоседнаа околу мене. Се сожалив на нив. Беа добри души, но ранети. Не им говорев за Христа, оти видов дека не беа подготвени да слушаат. За нештата што ги интересираа говорев на нивен јазик. Кога завршивме со зборување, станаа да одат и ми рекоа: „Старче, за наш атер дозволи ни да ти ги целиваме нозете“. Се засрамив; но, што да правам, им допуштив. После сѐ, ми донесоа ќебе.

По некое време, една хипи девојка која беше со нив, дојде сама да ме посети. Се викаше Марија. Воочив дека во духовна смисла Марија е пред своите пријатели, па по прв пат ѝ говорев за Христа. Ги прифати моите зборови. Доаѓаше повеќе пати; тргна по добриот пат. На своите пријатели им рекла: „Еј, неранимајковци, не ни сонував дека, дружејќи се со хипици, ќе Го запознаам Христа“.

Константин Јаницоитис

Оставете коментар

1 Comment on "Посета од хипици"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Хипиците – Боготрагатели.

wpDiscuz