Посен ориз со печурки

Ориз

200-300 грама ориз
500 грама шампињони, свежи
200 грама варен грашок
1-2 варени моркови
100 грама ореви

Оризот се вари со малку сол или вегета по желба. На страна се пржат исечените шампињони со малку зејтин. Откако ќе се свари како оризот, се додава грашокот, печурките и морковот (сецкан на коцки) како и кршени или сецкани оревчиња.

Може по желба и друг зеленчук. Се зачинува по вкус со сол, бибер и босилек.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz