Порака од отец Пимен за простувањето

Камен во рака

О ти човеку што држиш камен во рака за да го фрлиш на грешникот, сети се дека некој друг можеби држи камен во неговата рака за да фрли на тебе. Остави го каменот и пружи рака и побарај прошка од братот свој. Тогаш и тој ќе го остави каменот негов, а и оној кој спремал камен за него. И така до бескрај ќе се ослободуваат дланки од камења и ќе се ракуваат и гушкаат луѓето во радоста на простувањето. И тогаш ќе биде голема радоста и на Небесата и на Земјата. По тоа ќе нè познаат дека сме Негови ученици и дека со право го носиме името Христијани.

За многу години Прочка.

Проштевајте и нека биде простено од мене и од Бога!

(преземено од фејсбук-профилот на Европскиот Митрополит Пимен)

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz