Поп културата и папата

Коментар на Енди Ворхол во врска со популарноста, „попизмот“ (но и папизмот) и култот на личноста/celebrity согледани преку посетата на папата Јован VI на Њујорк во 1965 година.

Една недела по филаделфиската изложба, добив вистинска лекција од шоу бизнисот и поп-стилот. Токму тогаш кога мислиш дека стануваш навистина познат, наидува некој и те прави предгрупа на аматерска вечер. Папата Павле VI. Приказна за употреба на мас-медиумите; мислам, за сите времиња.

Дефинитивно нај-поп настап на шеесетите беше таа папска посета на Њујорк. Ја направи за само еден ден – 15.10.1965 година. Тоа беше најдобро испланиран и медиумски покриен јаван настап во историјата на религијата (и веројатно на шоу бизнисот воопшто).„Никогаш порано во оваа земја! За само еден ден! Папата во Њујрок Сити!“

Папата и неговата екипа која ја сочинуваа помошниците и печатот и фотографите, го напуштија Рим тоа утро рано со DC-8. Осум часа и дваесет минути подоцна излегоа од авионот на Кенеди, додека папините свилени марами се вееја на ветрот. Се повезоа во колона низ Квинс – низ улиците кои беа полни со луѓе кои излезе да го поздрават Папата – потоа низ Харлем до Сен Патрик катедралата во областа Фифтис, каде Папата имаше намера да се симне во „публиката“, но убаво се виде како неговите помошници го одвратија од тоа. По тој метеж кај катедралата се одвезоа до Валдорф Асториа каде го пречека претседателот Џонсон. Разменија подароци и позборуваа околу еден час за светските проблеми. А потоа Папата отиде да му се обрати на Генералниот секретар на ОН (најмногу поради, како што рече, разорожувањето и укинувањето на контролата на наталитетот). После тоа отиде на Јенки стадионот да одржи миса пред 90 000 луѓе; потоа, на затворањето на Светската изложба за да ја види Микеланѓеловата Pietau во поп-контекст, пред да биде вратена во Ватикан и, на крајот назад на Кенеди и во TVA-авионот, одговарајќи им на репортерите кои го прашуваа што најмногу му се допаднало во Рим со “Tutti buoni” (Сè е убаво), што беше чиста поп филозофија. Во Рим стигна уште истата ноќ. Да се направи толку многу за толку кратко време и со таков стил – не можам да замислам ништо повеќе Поп од тоа.

Поголемиот дел од папаската турнеја го гледавме во Фектори на ТВ. Папата помина веднаш под нашиот прозор на патот за ОН – луѓето од Тајната служба скокаа по крововите во околината. Сите полудеа по Папата.

Енди Ворхол

“Popism”

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz