Покана за средба со отците од манастирот „Свети Георгиј Зограф“

Светогорскиот манастир „Св. Георгиј Зограф“ уште од своите почетоци (во 10-тиот век) бил извор на духовно просветление на нашиот православен народ. Бројни се отците кои се подвизувале во овој манастир, монаси, архиереи, учители, книжевници и преродбеници, кои со своите трудови и дела до ден-денес неуморно сведочат за Вистината, а за нас претставуваат нераскинлива нишка на единството и братољубието во Христа.

Во таа чест, Ве покануваме, во Битола и Скопје, на средба со неговото Високопреподобие, Игуменот на Светогорскиот манастир „Св. Георгиј – Зограф“, дедо Амвросиј, и јеромонахот отец Висарион Зографски, авторот на книгата „Православен поглед кон ликот и делото на Ванѓа“.

Манастир Зограф, гравура

Воведното предавање ќе го изложи, неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, потоа ќе следува предавањето на отец Висарион, под наслов: „Окултизмот, маѓесништвото и вражањето низ призмата на православното христијанско учење“ кое воедно ќе биде и промоција на македонскиот превод на неговата книга, кој неодамна излезе во издание на манастирот Зограф, по што ќе биде отворена расправа, на којашто присутните ќе можат да поставуваат прашања и на тој начин одблиску да се запознаат со нашите драги гости.

Средбата и предавањето со промоција ќе се одржи на 26 мај (понеделник), во Битола, во Малата сала, во 18.00 часот, и на 27 мај (вторник), во Скопје, во салата при Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во 18.00 часот.

Со радост го очекуваме Вашето присуство,

Христос воскресе!
Навистина воскресе!

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz