Покајанието раѓа вера

Недела пред Богојавление

Чедо Тимотеј, ти во сè биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на евангелист, службата своја исполнувај ја добро! ашто јас веќе станувам жртва, а времето на моето одење настапи. Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив; понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото доаѓање.

2Тим. 4,5-8

Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.” Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови. Се јави Јован, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.”

Мк. 1,1-8

Пред јавувањето на Господа пред народот и Неговото совршување на домостројот на нашето спасение, св. Јован Претеча бил испратен за да ги подготви луѓето да Го прифатат. Подготовката се состоела во повик кон покајание. Оттогаш, покајанието станало пат кон нашиот Господ и Спасител, предворје на верата во Него. Самиот Спасител Својата проповед ја започнал со зборовите: „Покајте се и верувајте во Евангелието“. Човекот кој го бара своето спасение, покајанието го упатува кон вера, а верата кон покајание. Покајанието му го покажува гревовното бреме и го плаши со неподмитливиот суд на правдата Божја. Но, доаѓа верата и му Го покажува Избавителот, Кој ги зема гревовите на светот. Покајникот се прилепува до Избавителот и, симнувајќи го гревовното бреме преку исповед, радосно Го следи по патот на Неговите заповеди. На тој начин, верата се раѓа од покајание, и врз него стои. Чувствувајќи го избавувањето, покајникот цврсто се држи за верата. Верата живее од покајание. Без покајание, верата е како безживотна фиданка, сува и неживодејствителна.

Св. Теофан Затворник

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz