Погледот на православната Црква на трансплатацијата на срце (2)

crtanje-ikona

продолжува од првиот дел

Новите достигнувања не запираат тука. Се има во план, исто така, во човечкиот организам да се вметне срце од животно, така што по општото воскресение „човекот“ ќе стои пред Страшниот суд со срце на мајмун (или мачка, свиња или што било).1 Можете да си замислите поголемо богохулие и исмејување на човечката природа, создадена по образот Божји?

Лудило и хорор! Зошто дојде до овој кошмар на криминално вмешување во човечкиот живот каде што единствен законски Господар е Создателот и никој друг? Не е тешко да се најде одговорот. Губењето на надежта на христијаните, неверувањето во живот по смртта, неразбирањето на Евангелието и неверувањето во Него, во Неговата Божествена вистинитост – резултира со овие монструозни и богохулни експерименти на личноста и животот на човекот. Христијанскиот поглед на животот и смртта, христијанското сфаќање и концепцијата на животот на земјата како време дадено од Бога за подготовка за вечноста – се сосема изгубени. И како резултат на ова е: страв од соочувањето со смртта и сфаќајќи го тоа како апсолутно пропаѓање на животот и како уништување на личноста, доведува до приврзување кон земниот живот – живеј, живеј, живеј, по секоја цена и со сите средства пролонгирај го земниот живот, по кој не следи ништо!

Колку далеку од ова е поматениот поглед на христијанинот за животот и смртта. Замислувам искрен верник кој цел живот се води според Божјите заповеди и живее за да постигне чисто срце и до него е веќе приближен неговиот христијански крај за кој се подготвувал целиот негов живот. Ако нему некој одненадеж му се одбраќа: „Зарем не сакаш да живееш подолго? Еве, ќе го извадиме твоето срце и ќе ти ставиме на тоа место друго, можеби од мајмун – и ќе поживееш подолго…“ Како поинаку да одговори на ова еден верник ако не со зборови од Евангелието – „Бегај од мене, сатано! Ти си Ми соблазен, оти мислиш не за она што е Божјо, а за она, што е човечко (Мт. 16, 23).“

Внимателно чекорете, како што еднаш извика апостолот: не како неразумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави. Затоа немојте да бидете нерасудливи, туку распознајте што е волјата Божја! (Еф. 5,15-17). Ох, колку само треба да бидеме постојано претпазливи – на штрек, за да не бидеме духовно одметнати и да паднеме во мрежата на непријателот. Зашто вистината е дека во овие денови има поголемо зло отколку во деновите на апостолите…И не е залудно што веќе во пост-револуционерните денови, еден од архипастирите на далечниот Исток се молел вака на Бога: „Оттргни ги од нас сите замки на лагата, избави не од искушенијата, со Твојата милост заштити и сочувај не и дари им на нашите срца да ја познаваат Вистината.“

За современо човештво во најголем дел е изгубено чувството, смислата, прифаќањето на вистината и способноста да се спознае што се случува во светот со духовните очи. А за оние кои не научија да ја љубат вистината, се оствари заканувачкото и жалосно пророштво на апостол Павле: „И затоа Бог ќе им испрати сила на заблуда за да поверуваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваат во Вистината, а ја засакаа неправдата“. (2 Сол. 2, 11-12)

Христијанине! Сети се што е животот и што е смртта! Благодари Му на Создателот за најскапоцениот дар на Неговата милост – за твојот живот – живеј го како што доликува, и така да можеш на крајот од животот без да го чувствуваш стегањето на туѓото срце во твоите гради да умреш така што врз тебе ќе биде исполнето радосното ветување од Откровението : „Блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа! Да, вели Духот, нека одморат од трудот свој, зашто нивните дела ги следат.“ (Откровение 14, 13)

*Откако е ова напишано, беше трансплантирано овчо срце во човечки организам; а пред четири години имаше неуспешен обид за вметнување на срце од шимпанзо. Неодамнешна операција во Калифорнија прикажува уште позастрашувачка слика: трансплантација на срце од самоубиец.

1 Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога. (Мт 5:8)
Оти од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; тоа го осквернува човекот… (Мт. 15, 19-20)
И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,… (Евр. 9, 27)
Телото, душата и духот имат свој начин на дознавање: телото со петте сетила; душата преку интелектуалното расудување; духот, преку совеста, преку мистична перцепција која ги надминува обичните рационални процеси кај човекот.

Заеднички, елементите на духот, душата и телото, постои друг аспект на човековата природа која што се наоѓа надвор од оваа трикратна класификација – срцето. Терминот „срце“ е од особено значење за Православната доктрина на човекот. Кога на запад се зборува за срце, се мисли на емоции и наклонетости. Но, во Библијата и во најаскетските текстови на Православната Црква, срцето има далеку пошироко значење. Тоа е орган од прв ред во човекото битие, и физички и духовно. Таму е центарот на животот, одлучувачкиот принцип на сите наши активности и емоции, но има и многу повеќе од тоа, вклучува се она кое што ние го нарекуваме „личност“.

Беседите на свети Макариј ја развијаа следнава идеа за срцето: „Срцето води и владее во целиот организам, и кога срцето поседува елегантност, тоа владее над сите останати членови и мисли. Оттаму, во срцето е умот и сите мисли на душата и нејзините очекувања, и на овој начин елеганцијата продира до сите членови на телото…

Митрополит Филарет (1903-1985)

превод: Стефанија Слабејкоска
дипл. филолог – толкувач

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz