Погледот на православната Црква на трансплатацијата на срце (1)

icxc-crtanje

Светот, вклучувајќи ги и повеќето луѓе кои се нарекуваат „христијани“, секое ново достигнување на модерната наука го прифаќаат како несомнен благослов. Православните христијани треба да бидат попребирливи, зашто нашата надеж не е во овој минлив свет, туку во вечниот живот. За ова зборува поранешниот архиереј на Руската Задгранична Црква, за и против оние чијашто духовна свест не е целосно умртвена од модерната универзалност и рационализмот. (Православна Русија, бр.4, 1968).

Живееме во чудна доба. Знаеме дека во текот на човечката историја постоеле моменти на кризи на духот и културата, на морален пад и обновување. Имало моменти на т.н. „одново вреднување на вредностите“. Но само во наше време во светот се појави позастрашувачка и заканувачка манифестација: имено, загубата на вредностите, нивното катастрофално исчезнување од животот, од духовниот или интелектуалниот хоризност, од современото човештво.

Може лесно да се воочи колку е денес изгубена концепцијата за нацијата и фамилијата, намалената вредност на самиот живот и на животот како таков, кој е најголем дар од Бога, и стремежот да се избегне од обврската да се живее – бегството во светот на фантазијата – светот на наркотиците. Со привременото самоубиство и паралелното исчезнување на вистинските вредности доаѓаат на површина фалсификатите: христијанството е фалсификувано, религијата е фалсификувана, самото Евангелие е фалсификувано, културата во своите најдобри манифестации – во тежнеењето кон мирот итн. – сè се гуши во лага и измама, а човекот и покрај што поседува жива душа и совест се гуши во царството на лагата и фалсификатот.

Во оваа задушувачка атмосфера на евидентно и несомнено духовно распаѓање, последната актуелност е најужасна од сите. Станува збор за најновото достигнување на медицинската наука: трансплатацијата на срце.

Пред нас стои најзастрашувачкиот фалсификат: фалсификување на самиот живот – најголемиот дар од Создателот. Човекот го проживува својот живот, моќите му се истрошуваат, организмот пополека умира, а срцето, движечката сила на организмот скоро да запре… Нема лекови, терапии или обиди кои ќе го задржат животот во заминување, не помага ништо повеќе… Но сега, пронајдено е решение! На човекот му е дадено ново, туѓо срце, а со ова во него се воведува нов, туѓ живот, кој припаѓал на некој друг…

Срцето е центарот, сржта на човековото постоење. Не само во духовна смисла, каде што срцето е центарот на духовниот лик, неговото „јас“, но и во физичкиот живот, исто така, физичкото срце е главниот орган и централната точка на организмот каде што мистериозно и нераскинливо е поврзано со искуствата на душата. На сите ни е добро познато како човековите психички состојби и нервози (задоволствата, стравот, бесот итн.) се рефлектираат при акцијата на срцето, а од друга страна – како нездравата состојба на срцето делува неподносливо на психата и свеста. Да, овде врската е нераскинлива – и ако наместо продолжување на човечкиот личен духовно-телесен живот концентриран во неговото срце, му се има наметнато туѓо срце и некој вид туѓ живот, кои се дотогаш биле сосема непознати за него – тогаш што е ова ако не е фалсификување на земниот живот; што е ова ако не е уништување на неговиот духовно-телесен живот, неговата индивидуалност, неговото „јас“? Како и кого ќе го претстави на Второто Христово Воскресение?

Митрополит Филарет (1903-1985)

превод: Стефанија Слабејкоска
дипл. филолог – толкувач

(продолжува)

Оставете коментар

4 Comments on "Погледот на православната Црква на трансплатацијата на срце (1)"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Навистина ни се потребни текстови кои ќе ја разрешат дебатата за тоа дали трансплантацијата е нешто добро т.е. дали дел од моето тело треба да го дадам на друг?

[…] Погледот на православната Црква на трансплатацијата н… […]

Ех, ако бевме свесни дека не постои таа дихотомија, на тело и душа, ако знаевме дека човекот е монолитен, немаше да дозволиме ниту трансфузија на крв ниту лесно да ни ги испитуваат органите, ќе се лекувавме самите себеси или еден друг на духовен начин, преку најточната комуникација на нашиот ум со Бога и со сите Негови созданија, или барем преку преумувањето. Покајанието е голема работа, не во таа смисла само да кажеш „Згрешив! Прости ми!“, како што општо се поучува и проповеда. Вистинското покајание започнува во мигот кога Бог ти ги отвара очите за твоите незнајни гревови, кои имаат многу… Read more »

Фактот дека всушност се’ е во нашите раце, дека границата меѓу нас и Бога всушност (по даденост) не постои, тој факт е величествен и бара храброст, но тука е вратата на Рајот… знаејќи го ова вдахновението никогаш нема да не’ напушти, желбата да Го спознаваме преку самопознанието непрекинливо трае, па дури и расте со незапирлива сила. Ова секако е можно само за оној кој со подвигот на безусловна љубов се слеал со Созданието и во кого Бог полага голема надеж, зашто тој ретко што бара од Бога за себе надежта за себе ја заменил со љубовта кон ближниот.

wpDiscuz