Подготовка за првото причестување

Причестувањето е кулминација на целиот наш духовен живот. Тоа е соединување со Бога. За ова соединување да биде во сета негова полнота, а не само формално, треба да ја откриеме душата за да се сретне со Бога. Треба целосно да бидеме искрени пред Него, решително да стоиме подготвени за борба со гревот, да бидеме воини во Неговата војска – Црквата. Треба да сме одлучни да умреме за Него. Не треба да стоиме пред Него и да бараме: „Дај ми ова и она“, туку себеси да се нудиме и да Му служиме: „Господи, јас сум Твој војник и Твој слуга. Заповедај, и ќе сторам сè што ќе кажеш“.

Ако човек мисли дека е достоен за да се причести со Светите Христови Тајни, тогаш подобро е да појде на психијатар. Трезвениот човек секогаш знае дека тоа што тој се причестува е само по милоста Божја, а не според некакво негово привидно достоинство. Ако човек го исполнил она кое му било заповедано, треба да си повторува дека е непотребен слуга. Вака треба да биде устроен еден христијанин.

Подготовката за причест се состои во молитва, во пост. Ако некој никогаш не се причестил,тогаш добро е да пости барем една недела.

Задолжително треба да се чита Евангелието, особено кадешто се зборува за Тајната Вечера. Од молитвеното правило, нека се прочитаат молитвите и каноните, кои во нашата Црква се читаат при подготовка за Света Причест. Пожелно е да се оди и на вечерната богослужба. И воопшто, во текот на неделата, додека трае постот добро е, ако за тоа има можност, да се присуствува на богослуженијата. Ваквата подговотка се нарекува „говение“. Душата постепено се подготвува и го очекува тој настан, како последни подготовки за свадбата на човековата душа и Бог, кои со причестувањето се соединуваат.

Протојереј Димитриј Смирнов

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz