Припрема за исповед

Добра и лоша меморија

Исповед

Некои луѓе не ги помнат нивните гревови, со изговор дека лошо помнат. Тие се сеќаваат на сиот нивен живот, но не и на гревовите. Од нив слушаме „Згрешив со дело, со збор и помисла и не знам што да кажам повеќе…“ Но, ова не е покајание за конкретни гревови. Свештеникот е должен да им објасни на таквите луѓе дека не можат со таква исповед да се причестат.

Навистина, често се случува лесно да ги забораваме своите гревопади, но дали причината за тоа е во слабата меморија? Случките кои на болен начин го преокупирале нашето самољубие, или го активирале нашето славољубие – ги помниме многу години, како на пример: пофалби на наша адреса, нашите лични успеси и сл. Тоа што не ги помниме нашите гревови, не значи ли дека ние едноставно не им придаваме сериозно значење?

Трети, пак, велат дека немаат гревови. Често се случува и да слушаме нормална исповед и наеднаш се сеќаават на многу гревови, но всушност нивната желба за исповед се активирала, а не сеќавањето на нив.

Свештеник Михаил Немнонов

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz