Писмо второ: Хемисфери

Западната хемисфера го запре лелекањето. Нема повеќе крици. Нема повеќе молитви. Нема повици за милост, повици за покајание. На оваа страна од светот веке сè е рамно. Истополовите бракови скоро во сите земји од овој дел се озаконети од човечките закони. Абортусот секаде е дозволен. Развратот одамна е мода. Парите се молитва, титулите се желби, моќта е сон, богатството е мир, луксузот е копнеж. Алкохолот, дрогата, тревката, тетоважата, пирсингот, голотијата, лудувањето се чтенија и лектири за младите.

Црквата е сведена на хор со гитара. И оргулите веке не се во мода. На покривите нема веќе крст. Има топка или звезда. Жените се папи, папите играат голф. Тие што треба да исповедаат гревови и да даваат отпуст имаат дечко. Оние кои треба да носат црно, носат лилаво, оние кои треба да носат лилаво, не носат ништо. Важно е да има пилешко, да си бизнисмен, да не си црн, да одиш на Хeлоуин, и на 25 dекември да си дома…

Источната хемисфера, веке на големо плачe. Се убива само ако не носиш брада. Зверието владее. Од деца до старци, од млади до стари, од жолти до бели. Се се руши. Храмови од памтивек. Гробови од памтивек. Светилишта од памтивек. Градови од памтивек. Млади животи згаснуваат на најсвиреп начин. Сиромаштијата и бедата се насекаде. Не се признава ништо и никаде. Крвожедноста е принцип, принципот е крв. Виорот со прашина покри се што е Свето и не се плаши од ништо…

Верата е во каменот, бронзата и дрвото. Се јадат кучиња и црви. Пајаци и шкорпии. Болести убиваат цели држави. Портокаловото го носат за на вода, црвените точки на челата за на свадба, се капат во пепелта на мртвите. Се верува во чадот…

Е, сега…

Каде сме ние… ?

Ни на Исток, ни на Запад… или…

Ние сме тука каде што сме, каде што нè поставил Тој…

Но, Тој не нè поставил тука за да можеме да го свртиме грбот кон Него, не нè поставил тука за да богохулиме, не нè поставил тука за да Го сквернавиме, не нè поставил тука за да немаме верба кон Него, не нè поставил тука за да правиме забава…

Не позволил да имаме храмови за да ги рушиме, не ни дал манастири за да правиме пијанки и панаѓури во нив, не ни дал параклиси само да стојат покрај патот, не ни дал клир само за да ги гледаме, не ни дал борба та да седиме со скрстени раце…

Ни дал сè за да се спасиме…

Кај нас има манастири… не само да се поклониме и да се молиме, туку и да се воздигниме во мир, смирение и продуховение… На Запад тоа го нема…

Кај нас има храмови… та катаден можеме да најдеме место, да се обратиме со срце и душа, со солзи и насмевки… На Исток тоа се руши… но, каде што над олтарот е поставен Ангелот, тоа место не може да се сруши… во ништо не може да се претвори… Ангелот вечно стои тука…

Кај нас има клир, свештеници, старци, владици, отци… секој може да допре до нив… и за утеха и за совет и за Благослов…

Православието е она кое ние го носиме со нас…

Каде и да сме, кои и да сме, што и да сме… Православието е нашата хемисфера…

Нема друга порта, нема други двери… нема друга Мајка. Имаме само Ближни. Имаме голема радост, имаме голема вдахновеност, имаме голем Патеводител. Ја имаме најсветата Риза Влахернска и со неа сме обвиени. Од овде до крајот на светот и векот. Го имаме Светиот Крст и со него сме крстени како живи, а живи сме само во Бога троичниот. Ги имаме сите оние кои страдале маченички, кои живееле пустински, кои се воцариле ви Името Господово, кои ги прогониле заради Него, кои ни дале писмо и молитва, кои сеуште се раѓаат и просветуваат…

Ја имаме слободата и мирот само заради елејот и мирото, го имаме видот и слухот само заради свеќата и клепалото, го имаме воздухот само заради темјанот, живи сме само заради Него… Тој што ни ги прака ангелите да нè пазат…

А, ние грешните… кутрите… знам, знам… не е лесно…

Ама ако беше лесно ќе бевме на Запад, за потешко не знам…

Да се покаеме, да се помолиме, да се исповедаме, да се смириме, да си простиме…

Да го направиме светот една хемисфера за Името Господово…

Да започнеме од нас самите, да завршиме со нас самите, сè во мислите и во делата за она што ке нè направи вистински чеда на Бога, Црквата и верата…

Бог е Вистина…

Кочовски Ѓорги

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz