Паримии на Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител

cesnata-glava-na-svjk

Исаија 40,1–3, 9; 41,17–18; 45,8; 48,20–21; 54,1

Вака вели Господ: „Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог; говорете му на Ерусалим, што му е по срце, и известувајте го, дека времето на неговата борба се исполни, дека за неправдата му е дадено задоволување, зашто од раката Господова доби двојно за сите свои гревови. Гласот на оној што вика во пустињата говори: ‘Пригответе Му пат на Господа, прави направете ги во пустињата патеките за нашиот Бог’. Искачи се на високата гора Сион, ти кој јавуваш добри вести за Сион, извиши го силно гласот свој, благоизвестителе Ерусалиме, подигни го, не плаши се. Кажи им на градовите Јудини: еве Го вашиот Бог! Сиромаси и неимотни бараат вода, и нема, јазикот им се исушува од жед: Јас, Господ ќе ги чујам, Јас, Бог Израилев, нема да ги оставам. Ќе отворам реки на врвот од горите и извори среде долини; пустињата ќе ја направам езеро и сувата земја – водни извори. Росете, небеса, одозгора, и облаците нека изливаат правда; нека се раствори земјата и нека донесува спасение, заедно да произлегува и правдата. Јас, Господ, го правам тоа. Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгласувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувајте: „Господ го откупи Својот слуга Јакова.” Не ожеднуваат тие во пустињите, преку кои ги води: Он им извади вода од камен; пресекува карпа, – и се леат води. Развесели се, ти неплодна, што не раѓаш; воскликни и извикај ти, кој не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеќе деца од онаа, кој има маж, вели Господ.

Малахија 3,1–3, 5–7, 12, 18; 4,4–6

Вака вели Господ Седржителот: „И ете, Јас ќе го испратам ангелот Свој, и тој ќе го приготви патот пред Мене, и ненадејно ќе дојде во храмот Свој Господ, Кого Го барате, и Ангелот на заветот, кого вие го пожелувате; ете, Он иде, вели Господ Саваот. Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање, и кој ќе устои, кога ќе се јави Он? Зашто Он е како оган, што растопува, и пепелница што чисти, па ќе седне Он да претопува и да чисти сребро, и ќе ги очисти синовите на Левија и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со правда.И ќе дојде при вас за суд и ќе биде брз извршител против вражачите и прељубодејците, и против оние кои лажно се колнат и ја задржуваат наградата на наемникот, ги измачуваат вдовиците и сираците, ги одбиваат придојдените, и од Мене не се бојат, вели Господ Саваот. Оти сум Господ, Јас не се изменувам; затоа вие, синовите на Јакова, не бевте уништени. Уште од деновите на вашите татковци отстапивте од наредбите Мои и не ги запазивте; обрнете се кон Мене, и Јас ќе се обрнам кон вас, вели Господ Саваот. Вие, пак, ќе речете, како да се обрнеме?« И блажени ќе ве наречуваат сите народи, оти ќе бидете земја пожелувана, вели Господ Саваот.« Помнете го законот на Мојсеја, слугата Мој, кому му заповедав на Хорив за сиот Израил, како и – правилата и наредбите. Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен – големиот и страшниот. И тој ќе ги обрне срцата на татковците – кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни, па кога ќе дојдам, за да не ја поразам земјата со проклетство.“

Mудр. 4,7, 16–17, 19–20; 5,1–7

Праведникот и рано да умре, ќе биде во мир. Праведник, умирајќи, ќе ги осуди живите безбожници и младоста што стигнала бргу до совршенство – долговечната старост на неправедникот, зашто тие ќе го видат крајот на мудриот и не ќe сфатат што определил Господ за него и зошто го поставил во безопасност; и потоа тие ќe бидат преѕен труп и срам меѓу умрените довека, зашто Он ќе ги турне и тие ќе паднат безгласно ничкум – ќе ги отргне од нивната основа и тие нaјпосле ќе опустеат, ќе бидат во жалост и споменот за нив ќе загине; сознавајќи ги своите гревови, тие ќе застанат со страв и нивните беззаконија самите нив ќе ги осудат. Праведникот ќе застане со голема смелост пред лицето на оние што го навредувале и ги презирале неговите подвизи; а тие, откако ќе видат, ќе се збунат во голем страв и ќе се вчудовидат од неговото ненадејно спасение. И, раскајувајќи се и воздивнувајќи од притеснувањето на својот дух, ќе мислат во себеси: тоа е оној истиот, кој некогаш служеше за подбив и кој ни беше предмет на потсмев. Ние, безумните, неговиот живот го сметавме за лудост, а смртта негова – нечесна! А како ли е приброен кон синовите Божји и како добил дел меѓу светите? И така, ние, навистина, се одвоивме од патот на вистината, светлината на правдата не ни светеше, а и сонцето не нè огреа. Ние се исполнивме со беззаконија и лоши дела, а патот на Господа не го познавме.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz