Паламитско столетие

Многу книги за православието детално ја прераскажуваат црковната историја. Не толку [книги] ја раскажуваат скорешната историја на православието или православната мисла. Многумина не сфаќаат до кој степен православното богословие било заробено од западните влијанија и угнетено од туркократијата (Турската Империја) сè до 20-от век. Дури и во Русија, богословието било подредено под растечкото западно влијание од различни насоки, честопати под покровителство на различни цареви. Се работи за еден тежок период од православната историја.

Сепак, дваесеттиот век, макар тежок и крвав, столетие на православни маченици – е и столетие во кое православието се ослободило од различните поробителни јареми под кои било ставено. Резултатот од оваа слобода е воскресението на паламитското богословие – односно, православно богословие во неговото величие и потполност – животот и делата на св. Григориј Палама, за кого си спомнуваме секоја година во Втората недела од Великиот пост.

Имињата поврзани со ова воскресение се како прирачник за православното богословие од 20-от век. Владимир Лоски, о. Георгиј Флоровски, о. Џон Мејендорф, о. Јован Романидес, Христо Јанарас, Димитриј Станилое, митр. Калист Вер, и во опитот и учењата кои се раѓаат од него, св. Силуан Атонски, старец Софориј Сахаров, архим. Захариј, и многу други. На многу начини, мнозинството теолози денес работаат во рамките на некаков модел на паламитски светоглед. Дваесеттиот век со право е наречен „паламитско столетие“ на православниот живот.

Местото на Исусовата молитва во православниот живот, целото сфаќање на божествените енергии и божествената суштина, опитот на Бога на најдлабоко ниво како корен и темел на сето богословие, сето тоа е белег на животот и делото на св. Григориј Палама.

Соодветно да го почитуваме, и да Му благодариме на Бога што живееме во време кога неговите дела повторно оживеаја за да можеме да ја познаеме полнотата на којашто тој нè поучувал.

Отец Стефан Фримен

Оставете коментар

1 Comment on "Паламитско столетие"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Паламитско столетие […]

wpDiscuz