Осветување на времето

Минатиот пат кажавме дека христијаните и јудејците оделе на заеднички служби. Значи основа за христијанското богослужение е јудејското. Го појаснивме и зборот „празник“, како игра/chag, свеченост/eorti, славење, восхит и нешто празно. Сега да видиме која е суштината на празнувањето.

Лесно е да се направи список на празници и упатство за нивно прославување и да се каже: „е сега одете и прославуваје!“. Но, Христос не умре на Крстот за ние да се држиме за некакви обичаи и да можеме да кажеме: „ние сме православни затоа што на 7 јануари го славиме Рождеството Христово“. Смисолот на празниците е осветување на времето.

Човекот од дамнина е во судир со времето. Бара начини да го победи. Измислува возила за побрзо да стигне од едно место до друго. Бара време за одмор. Модерниот човек цело време нема време. Но, нашето време се приближува кон крајот. Од нашето раѓање ние се движиме кон смртта. Сакале или не сакале да признаеме. И што и да правиме, животот, самиот по себе е бесмислен. Во секој град во светот, секое утро се гужваат безброј чисти и избричени луѓе, кои брзаат на работа. Вечерта истите луѓе се брзаат но уморни и нечисти, одејќи дома. И така генерации и генерации – „ништо ново под сонцето“.

Осветувањето на времето претставува преобразување на нашето секојндевие. Преку празникот сфатен како евхаристија нашите природни навики да уживаме во јадењето, ги заменуваме со уживање во Божјиот вкус. Нашата потреба за спиење ја преобразуваме во потреба за стоење пред Бога итн. Доколку празникот свети Никола, или било кој празник го празнуваме само заради празникот, а го запоставиме овој евхаристиски елемент, тогаш слободно може да кажеме дека сме идолопоклоници.

Милош Дрпа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz