Осветување на времето: Недела

Позната ни е таа слика кога две бабички се расправаат за како, што и колку не се, или се работи во недела. Да видиме каква врска има Евхаристијата со самиот ден неделa сфатен како празник – ден за одмор во кој не се работи.

Одморот во недела кај раните христијани бил сфаќан како земање одмор од овој свет и како одење на одмор во Царството Небесно, заради Евхаристијата. Но, овој одмор не е релаксација или егзотичен призор, туку вработување во Царството Небесно, односно учество во Божјиот Призор – Евхаристијата. А останатите деновине биле сфаќани како профани, како обични денови. Впрочем и неделата не била сфаќана како посебен свет ден во календарски контекст, туку во контекст на осветување на времето. Значи неделата нема никаква црковна поврзаност со другите денови, во смисол дека таа е нешто посебно – а другите денови се обични (ова е календарско сфаќање на неделата). Доколку неделата ја ставиме во временското сфаќање – дека евхаристијата е осветување на времето, тогаш заклучуваме дека неделата е прв ден од седмицата – бидејќи не го укинува каледнарот и времето, но и осми ден – бидејќи нè вивнува над времето во нов почеток – вечноста.

Гледано историски, до свети цар Константин, неделата не бил ден на одмор како што е денес, туку еднаков ден со другите денови. А од друга страна тој ден бил крај на светот и почеток на идниот свет – Христосвет.

На крај само ќе го подвлечеме резултатот од оваа полемика за одморот во неделата (или на некој празник): одмор е еднакво на евхаристија, и доколку во евхаристијата можеме да најдеме место за одмор, во ред, но надвор од неа секаков одмор е празноверие или релаксација.

Милош Дрпа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz