Основни грешки во односот со духовникот

Кои се основните предрасуди и грешки во односот со духовникот? Што може да се бара и очекува од духовникот?

Ова е навистина многу сложена и исклучително важна тема. Ќе се задржам на два момента кои ми паѓаат на ум и за кои сметам дека се од големо значење за односот со нашиот духовник.

Првo, треба да направиме разлика меѓу свештеник – кој го прима исповедањето на гревовите и ни дава прошка во името на Бога – и духовен отец. Многу често се случува да се мешаат овие две работи. Ако ние гледаме во свештеникот (каде што се исповедаме) духовен отец, тогаш нашиот дијалог е сконцентриран на проблеми и решенија. Во тој случај се минимализира улогата на Светата Тајна Исповед, која е едноставно исповедање на гревовите, проследено со покајание и верување дека повеќе нема да се повторат. Ова особено се случува со младите. Ако во свештеникот гледаме само како на служител на Црквата, кој ја прима исповедта на гревовите и им дава опростување (иако и ова не е мала работа и е многу поважно ова, отколку секој совет од духовникот), тогаш ние можеме да го избегнеме духовниот однос на учителство и послушание. Во повеќето случаи, овие две карактеристики се среќаваат во личноста на еден свештеник, иако можат да бидат и различно распоредени. Во монашките заедници, на пример, можеш да се исповедаш кај еден, а кај друг да ја потчинуваш својата волја и да му го предадеш нему бремето на одговорноста за твојата духовна состојба.

„Јас не предлагам ние да имаме различен духовен отец од оној при кого се исповедаме, туку саму сакам да укажам на разликата помеѓу тие две служби.“

Се разбира дека најдејствителен совет е оној што се дава на исповед. Но, совет може да се даде и во секое друго време. Доволно е само да ја погледнеме историјата на старечниците, каде монасите оделе кај старци само за совет. Можеби за нас најдобро би било да можеме да го разликуваме сопственото исповедање на гревовите (за кое треба да посветиме големо внимание без да ја оддолжуваме исповедта низ долги дискусии со духовникот), од духовните поуки.

Вториот проблем, поврзан со духовникот, што сум го забележал од лично искуство, е ризикот да се натовари врз духовникот бреме, кое нема врска со неговата улога на духовник.

Понекогаш духовникот станува замена или идеална проекција на тоа што му недостига на верникот.

Ако младиот верник нема татко, постои ризик да го замени духовникот со татко, што не е во ред. Ми се случувало да се соочувам со такви тешки конфузии. Ако жената нема маж што ѝ се допаѓа, постои ризик нејзинот однос кон мажот да го пренесе кон духовникот. Ова не е најголемиот и најчесто-среќаваниот проблем. Конкретно не мислам на, не дај Боже, на нечисти чувства, туку на односот на женската природа кон машката. Овој ризик е поттикнат од фактот дека мажот треба да претставува човек, што ќе биде заштитник на жената во сите ситуации, а сопругот често видливо ги покажува своите немоќи. Во овој случај, во очите на жената, духовникот претставува идеална проекција на мажот. Пред сè, ја имам во предвид потребата кај жената – да се реализира авторитетот на мажот.

Потребно е да се земе во предвид склоноста на жените да летаат во облаци. Во слични ситуации од духовникот се очекува да превземе координација на животот на верникот во сите негови детали, да даде решенија за сите секојдневни проблеми.

Тука се појавува уште еден деликатен проблем: колку духовникот може да се меша во животот на верникот и да решава секојдневни ситуации.

Може да решава дали да се венча и за кого, на кој факултет да се запише, каква работа да работи, со какви работи да се занимава, дали да земе кредит од банка итн?

Според мене, духовникот не треба да решава наместо другиот човек и секоја човечка личност, врз основа на својата слобода и одговорност, треба сам да носи одлуки. Духовникот може да помогне на човек подобро да сфати некоја ситуација и најглавно – да ги увиди духовните последици на секое решение. Духовникот може да му помогне на верникот подобро да ги разбере своите внатрешни мотивации, побуди, скриени желби, кои можат да доведат до едно, или до друго решение. Но, мислам дека свештеникот не треба да решава наместо другиот човек.

Свештеник д-р Константин Коман

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz