Православно слово

Воведник во првиот број на списанието „Православно слово“

За постоењето на списанието „Православно слово“ (Orthodox Word) има само една причина: благовест на Вистината на Православното Христијанство, заради кое се повикани да се обединат едномислениците, за да се објави заедно сведоштвото за Вистината. Списанието е обратено кон православните од сите националности, новообратените во Православната вера и нецрковните луѓе, на оние кои сакаат да знаат за верата и нејзиниот живот.

Редакторите во потполност го осознаваат своето недостоинство пред задачите, кои се поставени за списанието. Нема таков човек или група на луѓе кои би можеле самостојно да зборуваат од лицето на Црквата Христова. Но, сепак, може да се зборува однатре од Црквата, во согласност со православните традиции; и имено тоа е тоа, што ние решивме да се обидеме да го направиме. Редакторите припаѓаат на Руската Православна Црква, во бројот на соработниците на списанието ќе влегуваат членови од различни јурисдикции, кои ревнуваат за Православната Вистина и за православните традиции со сета нивна полнота. Однадвор, навистина, Православната Црква, му изгледа на светот како разделена на делови. Историските настани уште до паѓањето на Константинопол во петнаесеттиот век го условиле развивањето на националните Православни Цркви, во одредена изолација на една од друга; и во дваесеттиот век идеите на обновленците и гонењата од безбожната влада предизвикале разделби во некои Православни Цркви и многумина натерале да се отстранат од патот на верноста кон Христос. Но во сите историски православни земји има уште барем мал остаток на верници, спремни бескомпромисно да сведочат за вистинитоста на својата вера, пред современиот свет, дури и до мачеништво, кое што го претрпеле многу наши православни браќа во ова столетие. Меѓу таквите верници постои единство, потполно независно од националноста; тоа е еднинството на сите кои вистински веруваат и ја исповедаат Православната религија. Православната Црква Христова е една и Вистината не се дели на делови меѓу нејзините различни членови – помесните Цркви од моментот на нивното основање.

Од учењето на Православната Црква засега, уште малку има напишано на англиски јазик, додека на традиционалните православни јазици – посебно грчкиот и рускиот – навистина се насобрани ризници, кои чекаат превод на другите јазици. Една од целите на ова списание ќе биде проникнување во таа ризница заради раздавање на нејзините богатства на страдалниците. Тоа, на крајот на краиштата, е и вистинското предназначување на ризниците – не бесполезно да лежат под покривало, но да принесуваат полза; ризниците на Светото Православие на најдобар образ треба да се потврдуваат со животите на современите христијани.

Од најзначaјните вредности на Православието ги имаме житијата на светиите, кои нѐ учат со примери на вистински живот во Христос. Житијата на современите светители во однос на тоа не се помалку поучни, од житијата на древните светители; со нивното објавување, а и на другите во „Православно слово“ ќе се сведочи, дека христијанското подвижништво не е нешто изживеано за современиот свет, но е навистина истото во продолжение со векови. И дваесеттиот век ги знае своите светии: еден од најголемите руски светители умре сосема неодамна – во 1908 година, а бројот на мачениците во ова столетие го преминува, дури, бројот на оние кои претрпеа страданија во древните векови и со тоа ја укрепија Црквата во зората на Христијанството.

Уште една бесценета ризница на Православието – се делата на Светите Отци на Црквата како за духовниот живот и подвижништво, така и за вероучението, за догмите, таинствата, за црковната историја, богослуженијата, календарските празници. Уште еден извор на духовно богатство за православниот христијанин се иконите на нашиот Господ Иисус Христос, Неговата Пречиста Мајка, светиите, а исто и празничните икони. Ние имаме намера во секој број да опишуваме, во краен случај, по една икона со толкувањето на нејзиното значење и расказ за нејзината историја и чудеса.

Имено тоа ќе биде најважната задача на „Православно слово“: да се направат подостапни изворите на Православната вера. Во некои случаи ќе објавуваме појаснувања, воведни забелешки, да би се направил материјалот подобноприемен за современите читатели, којшто може погрешно да биде разбран од оние кои не се запознаени со учењето и црковното Предание. Освен тоа, весникот ќе раскажува и за современите настани во православниот свет. Нема потреба да се зборува за тоа, дека Православието сега се наоѓа во центарот на вниманието, дека често паѓа на страниците на весниците. Емиграцијата на православните луѓе од разни националности на Запад, зголемувањето на бројот на оние кои примиле Православие во Западна Европа и Америка, состојбата на гонетата Црква на Исток, средбите како на официјално, така и на неофицијално ниво со римо-католиците и протестантите, како на пример, на Ватиканскиот Совет и на Светскиот Совет на црквите, најважните настани во самиот православен свет – сето тоа и друго се обединува, за да се привлече вниманието на западниот свет, кој до неодамна фактички со векови го игнорираше постоењето на Православната Црква, или, во најдобар случај, ја сметаше за дел од „заостанатиот“ Исток.

Но, и ако се зборува за Православието во средствата за масовна информација (по медиумите), тоа не е секогаш добро. Состојбата на Православието во светот, неговите односи со другите конфесии, внатреправославните односи помеѓу црковните јурисдикции навистина се многу сложни и нив треба да знаеме да ги разбираме во светлината на Православната Вистина и традиции, во потполност останувајќи им верни по форма и дух. Со своите скромни сили редакторите на „Православно Слово“ ќе се трудат да ја исполнат оваа сериозна задача.

Ние се надеваме на тоа, дека со нас ќе раководи верата, која го насочувала и го насочува животот на сите православни христијани, верата која не е подвласна на никакви времени тешкотии. Православната Црква не е една од многуте цркви, не е само „една од четирите светски религии“, но единствена вистинска Црква на нашиот Господ Иисус Христос, во која се повикани сите луѓе и која „и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мт. 16, 18). Таа не е само една од оние кои што го привлекуваат вниманието на печатот, но единствено вместилиште на тајните на Божјата твар и Неговиот домострој.

Ете зошто основната цел на списанието е мисионерска. Ете зошто наш небесен застапник и покровител е преподобниот Герман Аљаски, еден од првите православни мисионери на Американскиот континент, кој покажал пример на аскетски живот, молитва, вера и исполнување на заповедите Господови, кон што се повикува, според силите, секој христијанин. Ова списание – е плод на општите трудови на Братството на преподобниот Герман, и ние ги просиме нашите едномисленици да ни се присоединат со своите статии и преводи, но пред сè, со своите молитви, за овој труд, со благословот Божји, да биде во благо на Едината Света, Соборна и Апостолска Црква на Господ нашиот Исус Христос.

Јануари 1965 година.
Евгениј Роуз

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz