Оние што не нѐ следат

Тогаш Јован Му одговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој во Твое име изгонува бесови, а не врви по нас; и му забранивме, оти не оди по нас.” А Исус рече: „Не бранете му, зашто никој, што прави чудо во Мое име, не ќе може наскоро да говори зло за Мене. Зашто, кој не е против вас, тој е со вас. И кој ве напои со чаша вода во Мое име, дека сте Христови, вистина ви велам, нема да ја загуби својата награда.“ (Мк. 9, 38-41)

Денес Христос го смирува мојот ум пред оние што се надвор од Неговата Црква, а кои делуваат во Негово име. Не треба да ги одрекувам, ниту да се грижам за „чудата“ во Негово име што се случуваат преку и од оние што „не одат по нас“. Останува Бог да пресуди и да ги награди добрите дела во овој свет, не јас. А Тој, очигледно, е волен да ја награди секоја една „чаша вода“ дадена во Негово име.

Моментално се организираат секакви настани, прослави, добротворни настани, изложби, концерти, украсувања, што се прават во името на „Божик“; односно, во Негово име. Да не избрзувам со омаловажување и судење како, или од кого се вршат овие работи. Останува на Него да просуди и награди онака како што Му се чини најсоодветно.

Како што продолжувам на мојот пат кон Витлеем, да прифатам дека и другите одат кон Витлеем, но по други патишта, на начини што мене ми се туѓи. Тој ги водеше мудреците, „оние кои им се поклонуваа на ѕвездите“ (οἱ τοῖς ἄστροις λατρεύοντες, звездам служащии), како што пееме во тропарот на Рождеството, како би дошле до Него преку нивниот, неправославен пат, преку една ѕвезда. Затоа, денес Му се препуштам на Господа да ме води мене, и другите, кон Витлеем, онака како што Му се чини најсоодветно. Господи, слава Ти.

Монахиња Васа Ларин

Оставете коментар

1 Comment on "Оние што не нѐ следат"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Христово Разговори за постот (1) Разговори за постот (2) Оние што не нѐ следат Катавасија: Христос се раѓа, славете […]

wpDiscuz