Олимпиец го продава својот медал за да му помогне на болно дете

Спортистот Петар (Пјотр) Малаховски, полски двократен носител на олимписки сребрен медал, напишал на својата фејсбук страна: „Да се освои олимписки медал – е сон во животот на секој спортист. Секако, најскапоцен медал е златото. Јас направив сè, што беше во мои сили да го освојам, но за жал, не успеав овојпат. Но, судбината ми даде шанса да ја повишам вредноста на моето сребро“ соопштува Правмир.

piotr

По неговите зборови веднаш после натпреварот кај него се обратила мајката на момче, по име Олек, кој имал потреба од скапо лекување. „Момчето сега има речиси две години, и повеќе од половина од неговиот живот се бори со рак на очното јаболко. Тој има ретинобластома. Тоа е лош оток на окото, кој ги напаѓа децата до пет години. Во Полска, тој нема шанси да се спаси, и единствената можност му е – да се лекува во Њујорк“, – раскажа спортистот.

Петар Михајловски решил да му помогне на детето и да му ги даде за лекување сите пари од продажбата на својот медал. Дискобол ги повика „сите луѓе со добра волја“ да донираат пари за лекување на Олек.

dete„Во Рио се борев за златен медал. Денес се обраќам кон сите – ајде да се бориме заедно за тоа што е многу поскапо. За здравјето на тоа чудесно момче. Ако вие сите ми помогнете, моето „сребро“ може да стане поскапо од злато“ – додаде спортистот.

The Globe and Mail дознава, дека неопходната сума за лекување на Олек е околу 120 000 долари, и третина од парите веќе е собрана.

За Петар Малаховски, среброто на Игрите во Рио де Жанеиро е веќе второ во неговата спортска кариера. На Олимпијадата во 2008 г., тој исто така станал втор во фрлање на диск. Во 2015 г., полскиот атлет освои злато на светски шампионат.

Извор: Православие.ру

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz