Одговорот што св. Елевтериј му го дал на царот Адријан, христогонителот

Мачеништвото на св. Елевтериј
Мачеништвото на св. Елевтериј

Денес го празнуваме споменот на св. Елевтериј, епископот Илирски. Царoт Адријан, христoгoнитeлoт, испратил нeкoј свoј вoјвoда Фeликс сo вoјницитe да гo фатат и да гo дoвeдат Eлeвтeрија вo Рим. Кoга разлутeниoт Фeликс стигнал вo Валoна и кoга влeгoл вo црквата, гo видeл и гo слушнал свeтиoт архиeрeј Бoжји, oдeднаш сe прoмeнилo нeгoвoтo срцe и тoј пoстанал христијанин. Eлeвтeриј гo крстил и тoј тргнал сo нeгo вo Рим, тргнал вeсeлo какo да oди на прoслава, а нe на суд и на маки. Царoт нарeдил лути измачувања врз благoрoдниoт Eлeвтeриј: камшикувањe, пeчeњe на жeлeзeн крeвeт, варeњe вo смoла, гoрeњe вo oгнeна пeчка. Нo сo силата Бoжја Eлeвтeриј бил избавeн oд ситe тиe смртoнoсни измачувања. Кoга гo видeл сeтo тoа, Кoрив, eпархoт римски, и тoј изјавил дeка e христијанин. И Кoрив бил мачeн, па пoгубeн. Истo така и блажeниoт Фeликс. Најпoслe џeлатитe царски му ја oтсeклe и чeсната глава на св. Eлeвтeриј. Кoга дoшла мајката, свeта Антија над мртвoтo тeлo на свoјoт син и таа била исeчeна. Нивнитe тeла билe прeнeсeни вo Валoна кадe штo св. Eлeвтeриј и дeнeс гo прoславува имeтo Христoвo сo мнoгу чуда. Пoстрадал вo врeмeтo на Адријан вo 120 гoдина.

Овде го пренесуваме дијалогот што се водел меѓу свештеномаченикот и безумниот цар, пред да започнат измачувањата.

+ + +

– Елевтериј, зошто отстапи од прадедовската (паганска) вера и го презре почитувањето на боговите, та сега почитуваш некаков нов бог кој не само што, на очиглед на сите, умрел, ами умрел со најстрашна смрт?

Елевтериј не сакаше да им даде одговор на овие безумни зборови, угледувајќи се на Христа Кој среде страдањата пред Пилата молчел, и на Ирода ништо не му одговарал. Тогаш царот повторно проговори:

– Одговори ми, зар толку се избезуми, што кон христијанската вера се присоедини? Покори ми се и принеси им жртва на нашите непобедливи богови. Ако ме послушаш, ако постапиш по моето барање, со голема чест ќе те одликувам; инаку, ќе те ставам на тешки маки.

Елевтериј во молитва Го повика Бога, Кој рекол: „Не размислуваjте однапред што ќе одговарате, зашто Јас ќе ви дадам уста и мудрост, на која не ќе можат да ѝ противречат ниту да ѝ се противстават сите ваши противници“ (Лк, 21, 14-15), и одговори:

– Како можам да им служам на такви богови, и да се согласам со оние што ним им служат? Не е ли подобро јас вам да ви советувам од нив да отстапите? Но, бидејќи Вие нема да ме послушате, оти, иако со разум од Бога сте обдарени, сепак од дрвјата и камењата полоши сте, зашто токму нив за свои богови ги сметате, оставајќи Го Вистинскиот Бга Кој премудро ја создаде целата вселена: и небото и земјата дело на рацете Негови се; а од сѐ што создал, ние, луѓето, најубаво и најскапоцено создание сме. Меѓутоа, ние лутаме во незнаење, одејќи како по ноќ и, не знаејќи што Му е угодно, а што не, против Него се бориме. Оние, пак, што се наши вистински непријатели и противници, а тоа се самите ѓаволи, ние – о, какво ли безумие е тоа! – ги сметаме за богови и господари, и почести им правиме, и жртви им принесуваме. Што се однесува до мене, јас за мојот Господ се прилепив, и верен ќе сум Му засекогаш, и на мојот Христос ќе Му послужам. Она, пак, што е од Вас: и почест, и потсмев, и маки – сето тоа го сметам за детски играчки и детски страшила. Оти, како што вели мојот учител, светиот Павле: „за мене светот е распнат, и јас сум распнат за светот“ (сп. Гал. 6,14), и да умрам за Христа, за мене е уживање и радост.

Извор: Опширно житие на св. свештеномаченик Елевтериј

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz