Одбележани педесет години од блаженото упокојување на св. Јован Шангајски

Неодамна, на 12 октомври 2016 година, Западно-Американската епархија на Руската Православна Задгранична Црква објави видео од одбележувањето на блаженото успение на св. Јован Шангајски и Сан-Франциски. Објавувањето на ова видео се совпадна со празникот на Откривање на моштите на светителот, настан што се случил на 29 септември/12 октомври 1993 година

Тринаесетминутниот филм прикажува дел од снимките од отворањето на Заседанието на Синодот на РПЗЦ, неговиот акатист, симпозиумот одржан во чест на неговото наследство, како и Божествената Литургија служена од страна на првојерархот на РПЗЦ, Митрополитот Иларион. На Литургијата, исто така, бил ракоположен и свештеник, а бил осветен и мозаикот со ликот на светиот.

Видеото е на руски и англиски јазик, со соодветни преводи.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz