Од Цветници до Пасха

Мозаик во изработка

Барем од Цветници до Пасха да се запрашаме:

– Дали знаеме што правиме?
– Дали знаеме што работиме?
– Дали знаеме за кого работиме?
– Дали знаеме со кого живееме?
– Дали љубиме?
– Дали почитуваме?
– Дали сме послушни?
– Дали се молиме?
– Дали веруваме?
– Дали се плашиме?
– Од што се плашиме?
– Што сакаме?
– Кон што тежнееме?
– За што живееме?
– Дали сме смирени?
– Дали се гневиме?
– Зошто се лутиме?
– На кого се инаетиме?
– Дали судиме?
– Дали постиме?
– Богатство ли бараме?
– Богохулиме ли?
– Сквернавиме ли?
– Дали колнеме?
– Абортираме?
– Блудничиме?
– Лажеме?
– Крадеме?
– Растураме бракови и семејства?
– Подвалуваме?
– Клеветиме?
– Лажно сведочиме?
– Лапаме, сркаме?
– Фантазираме?
– Се караме ли?
– Милостина, даваме ли?
– Помагаме?
– Скратуваме дневници?
– Измачуваме?
– Разжалостуваме?
– Навредуваме?
– Потценуваме?
– Се гордееме?
– Се трудиме?
– Мислиме?
– Се излежаваме?
– Убиваме?
– Оттуѓуваме?
– Злоставуваме?
– Мизеруваме?
– Завиствуваме?
– Денгубиме?
– За греови сме?
– Се кикотиме?
– Се ситиме?
– Кукаме?
– И друго, и друго, и друго, и друго ……

А од Пасха до Цветници, само едно:

Како ли беше возможно Него да Го распнеме?

Кочовски Ѓорги

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz