Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое

Манастир

Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот.
Изрек. 4,23

Стекнувајќи го стравот Божји, исповедајќи се и причестувајќи се со Светите Тајни, христијанинот во себе ги обновува благоданите извори што започнале да течат во нас со светото Крштение, а кои потоа многупати биле затрупувани од мрзеливост и паѓање во грев, за потоа исто толку пати да бидат очистени со покајанието. Сега се повторно очистени од последните падови. Да ги чуваме, барем отсега, за повторно да не се затрупаат од невнимание, расеаност и негреижа за трудовите со кои се одржува нивната чистота и нивното правилно течение. Да продолжиме со постот, да не им се препуштиме на чувствата, да не прекинеме со срдечните молитви и солзи, да не заборавиме на делата на љубовта, да се потрудиме да го слушаме словото Божјо, а најмногу да разговараме со Господа Кој е во нас, и преку оваа беседа да го поткрепиме во себе страот Божји и ревноста за богоугодување, во што се состои самиот извор на нашиот духовен живот.

Св. Теофан Затворник
„Мисли за секој ден во годината“

Ние не треба да го умртвиме своето тело, туку своите страсти. Постот не се содржи само во тоа да се јаде ретко, туку – да се јаде малку. Неразумен е човекот што пости, а кој исчекува да дојде времето кога на трпезата ќе се оддаде на ненаситна наслада, со тело и ум. Што се однесува до храната, треба да пазиме и да не бидеме пребирливи, гледајќи на тоа кое јадење е вкусно, а кое не е.

Св. Серафим Саровски

Оставете коментар

1 Comment on "Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Од сѐ што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое […]

wpDiscuz