Од Мене беше тоа

Свети Серафим Вирицки

Си помислил ли некогаш,
дека сè што те засега тебе,
Ме засега подеднакво и Мене?
Зашто тоа што те допира тебе,
се допира до зеницата на Моето око.

Ти си скап во очите Мои,
Скапоцен,
и Јас те возљубив;
Затоа за Мене е особена радост,
да те воспитувам.
Кога надвиснуваат искушенија
над тебе, и врагови ќе надојдат, како река,
Сакам да знаеш, дека
од Мене беше тоа.

Тоа што на немоќта твоја
ѝ треба Мојата сила,
и што твојата безбедност зависи од неа,
е поради тоа, да Ми дадеш можност
да се борам за тебе.
Забележуваш ли
во тешките моменти,
меѓу луѓето има такви,
кои што не те разбираат,
кои не ги интересира
што ти се допаѓа,
и кои што те отфрлаат? –
Од Мене беше тоа.

Јас сум – Бог, Кој ги распоредува
околностите.
Ти, неслучајно се најде
на твоето место,
кое ти го избрав Јас.
Не бараше ли
да те научам на смирение, –
тогаш гледај,
те поставив токму во таа средина,
во таа школа,
каде што се учи тој урок.
Твојата средина и тие што живеат со тебе,
само ја исполнуваат Мојата волја.
Се наоѓаш ли во тешка беспарична состојба,
и едвај сврзуваш крај со крај?
Од Мене беше тоа.

Зашто јас располагам
со твојот паричник.
Сакам да прибегнуваш кон Мене
и да бидеш зависен од Мене.
Зашто Моите резерви се неисцрпни.
Сакам да се убедиш во вредноста Моја
и на Моите ветувања.
За да не се случи,
да можат да ти речат
во маките твои: „Не Му верувавте
на вашиот Господ Бог“.
(Повторени Закони 8, 12-13).
Преживуваш скорбна ноќ!?
Разделен си од твоите најблиски!?
Од Мене беше тоа.

Јас – сум маж на маките,
кој преживеал болести.
Го допуштив тоа, за ти
да се обратиш кон Мене
и во Мене да можеш да најдеш
вечна утеха.
Те изневери ли другарот,
кому му го откри срцето свое…
Од мене беше тоа.

Допуштив да те допре
тоа разочарување,
за да разбереш, дека
твојот најдобар Пријател е Господ.
Јас сакам, сè да Ми кажуваш
и да ми принесуваш Мене.

Те наклевети ли некој?
Остави Ми го тоа Мене,
и дојди поблиску до Мене,
твоето прибежиште,
да се скриеш од
„укорите на народите“.
Ќе ја изведам како светлина правдата твоја,
и справедливоста твоја, како пладне.
(Пс. 36, 6).

Се разрушија ли твоите планови?
падна ли со духот и
се измори –
Од Мене беше тоа.

Ти правеше планови,
и Ми ги донесе да ги благословам.
Но Јас сакам, да Ми дозволиш
да ги определувам околностите
во твојот живот,
и тогаш одговорноста за сè
ќе биде на Мене,
зашто претешко е тоа за тебе,
и сам не ќе можеш да се справип со тоа;
зашто ти си само орудие,
а не лице кое дејствува.

Те посетија ли
неочекувани животни несреќи
и униние го притиснало
срцето твое, знај, дека
од Мене беше тоа.

Зашто Јас сакам срцето твое
и душата твоја
секогаш да бидат пламен
пред очите Мои, и
да победуваат со Моето име,
секаква малодушност.

Долго време
не добиваш новости од
блиските и драги за тебе, луѓе,
и по својата малодушност
паѓаш во очај и роптање – знај,
од Мене беше тоа.

Зашто со тоа истоштување
на твојот дух, ја испитувам
цврстината на твојата вера,
во неизменливоста на Моите ветувања;
силата на твојата
дерзновена молитва
за овие твои блиски.
Зашто, зар не беше ти тој
кој ги врачи на Покровот
на Мојата Пречиста Мајка;
зарем не беше ти тој
кој некогаш ја полагаше грижата за нив
на Мојата промислителна љубов…

Те посети ли тешка болест,
повремена или неизлечлива,
и заврши прикован
на својата постела, – знај, дека
од Мене беше тоа.

Зашто би сакал да Ме запознаваш
уште подлабоко
во својата телесна немоќ,
и да не ропташ за ова
допуштено искушение;
да не се трудиш
да проникнеш во Моите планови
за спасение на човечките души
по различни патишта,
а безропотно и покорно
да би го приклонил вратот свој
под Мојата благост.
Си мечтаел
да направиш некое
особено дело за Мене,
и наместо тоа, падна на одарот
на болеста и немоќта –
од Мене беше тоа.

Инаку,
ти би бил задлабочен во твоите работи,
и не би можел да ги привлечам
твоите мисли кон Мене,
а Јас сакам да те научам
на најдлабоките Мои мисли и лекции,
сакам да научиш да осознаваш
дека ти си – ништо.
Едни од Моите
најдобри соработници – се оние
кои се отсечени од активна дејност,
за да научат да владеат со оружјето
на непрестајната молитва.

Неочекувано си повикан
да заземеш тешко и одговорно место!?
Оди, и надевај се на Мене.
Ти ги доверувам тие тешкотии,
зашто за тоа ќе те благослови
Господ Бог твој,
во сите дела твои.
на сите твои патишта,
во сè што ќе прават рацете твои.

Во овој ден, го давам во твоите раце
овој сад со свештен елеј.
Користи го слободно,
дете Мое!
Секоја новоизникната потешкотија,
секој навредлив кон тебе збор,
секоја препрека во твојата работа,
која би можела да ти предизвика
досада во твојата труд,
секое откровение на твојата немоќ
и неспособност, нека бидат
помазани со овој елеј.
Помни, дека секоја препрека
е Божја поука.
Секое бодило ќе се истапи,
кога ќе се научиш,
во што и да ти се случи,
да ме гледаш Мене.
Затоа и положи ги
во срцето свое овие зборови,
што ти ги објавив денес:
Од Мене беше тоа.

Зашто тоа не е напразно за тебе,
тоа е – живот за тебе.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz