Од каде доаѓа зборот пост?

post

Зборот пост е сесловенски: на црковнословенски – „постъ“; на руски, македонски, бугарски и српско-хрватски – пост; на словенечки, словачки, полски – post; на чешки – pust. Според мислењата на истражувачите (Макс Фасмер и др.), зборот потекнува од моравско-панонските словени т.е од древно-германски јазик, во кој зборот fastо значи пост. Преку нив, овој збор почнал да се употребува и во другите словенски земји.

Во древно-рускиот јазик (и на овие простори), овој збор влегол, по сè изгледа, со примањето на христијанството. Тој се среќава во една од најдревните книги – „Зборник“ (1076 година): «С мученыими Христа ради хотя ликъствовати предаждь тело свое <на> наготу, волю на попрание, утробу на постъ, сердце на крепость» (л. 219).

Јеромонах Јов Гумеров

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz