Очекувај искушенија

Искушенија Христови

По Крштението, откако врз Него се симнал Духот во вид на гулаб, Господ бил одведен во пустина за да биде искушуван. Тоа е заедничкиот пат за сите нас. Свети Исак Сирин на едно место забележува: „Штом вкусиш благодатна утеха или од Господа добиеш некаков дар – очекувај искушенија.“ Искушенијата ја прикриваат светлоста на благодатта од очите на човекот, кој обично го разјадува секое добро преку гордост и превознесување. Овие искушенија понекогаш се и надворешни – таги и понижувања, но и внатрешни – страсни помисли кои напаѓаат како ѕвер пуштен од синџири. Значи, потребно е да пазиме на себеси и да расудуваме за тоа што се случува со нас и внатре во нас, за да увидиме зошто е тоа така и што треба да правиме.

Св. Теофан Затворник
„Мисли за секој ден во годината“

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz