Нови можности

Поклоници

Во наше време може да се прават прекрасни нешта. Затоа не треба да мислиме дека сè е изгубено, дека никој не ја бара Вистината, дека сѐ е пропаднато… Тоа е само мислење, а мислењето е првиот стадиум на духовна „прелест“.

Не треба да се оптоваруваме со мислења.

Напротив, на сѐ треба да погледнеме со бистар поглед, т.е со очите на духовниот човек. Отец Николај Депутатов, кој многу сакаше да ги чита светите отци и да прави белешки, велеше: „Кога сум многу лошо расположен (паѓам со духот и очајувам), тогаш отварам некоја од белешките и ја читам; и бидејќи порано тоа ме инспирирало, ме инспирира и сега, бидејќи мојата лична душа некогаш била вдахновена од тоа. Јас знам дека она што претходно ме има духовно нахрането, може да го има истото дејство и сега. Добивам нешто како еден вид механизам за подигање на духот, тоа е – да го земеш и да го прочиташ тоа, што претходно веќе имало добар ефект“.

Кога ќе помислиме на некој светител (на пр. свети Патрик), не е во ред да си речеме: „Ааа, па тоа било одамна, било инспирирано, но сега каква смисла има?“ Напротив, во делувањето на свети Патрик треба да препознаме делување на еден христијаниин воопшто, делување на една душа која гори од љубов кон Бога, без разлика на времето и местото. Сега тој е на местото, каде и ние ќе станеме граѓани (само ако не ја изгубиме силата на подвигот).

Сите ние сме од една држава, од една националност – од христијанска.

Затоа треба да го примиме животот на свети Патрик како нешто современо, нешто што се однесува на нас. Тоа што нè вдахновува во него, постои и за наше вдахновение – за да ни биде од полза. Колку сето тоа ќе донесе плод, зависи од нашата љубов кон Бога…

Јеромонах Серафим Роуз

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz