Нема љубов без слобода

Тоа е точно, не само во односите помеѓу човекот и животните, туку и во односите помеѓу луѓето. На пример, чувството на љубов помеѓу мажот и жената брзо исчезнува доколку еден од сопружниците го затвори другиот во челични решетки. Имав можност да сретнам стотици жени кои безуспешно бараа љубов и верност од своите мажи. За жал, ништо не им вредеше. Какви и да се, вистинските односи се осудени на неуспех во моментот кога едниот од двајцата ќе почне премногу да се вознемирува поради загубата на другиот, да телефонира по сто пати на ден или пак, затскривајќи се позади дрво, да се надева дека ќе го открие соперникот.

Ваквото бесмислено однесување е во состојба да ја уништи дури и идеалната љубовна врска за само неколку дена. Повторувам: нема љубов без слобода. Што мислите, зошто нам Господ ни дал слобода на избор, давајќи ни за право самите да одлучиме дали ќе Го љубиме или отфрлиме?

Зошто Бог им даде можност на Адам и Ева да вкусат од забранетиот плод, а не ги примора на послушност со сила?

Зошто Тој не ги направи луѓето Негови робови, програмирани да се покоруваат на својот Творец без роптање? Одговорот го наоѓаме во самиот смисол на љубовта.

Бог нам ни даде слобода на избор, затоа што љубовта која не познава алтернатива нема вредност. Само тогаш кога прибегнуваме кон Бога, чезнеејќи да заедничариме со Него, нашите односи со Господ добиваат значење.

Зарем не говори Творецот токму за тоа кога вели „Јас ги љубам сите оние кои Mене Mе љубат и оние кои Mе бараат, Mе наоѓаат“?.

Таквата љубов може да се роди само во слобода. Таа не може од некого да се бара, не може некој да се примора на неа, таа не може да се програмира.

Повторувам, љубовта е резултат на слободниот избор, што Самиот Семоќен Бог го благословил.

Игумен Евмениј

 

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz