Неколку детали за Цветници

Цветници во Ерусалим

Називи за празникот: Недела на палмите, Цветна пасха, Цветна недела, Цветно воскресение, Вход на Господ во Ерусалим, Цветници.

На Лазарева сабота, денот пред Цветници, се вршело крштение и затоа останало да се пее: „Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте“, наместо Трисветата песна.

Се прави литија со носење на гранчиња и осветување на гранчињата. Зелените гранчиња се израз на победата над смртта и воскресението Христово. Во антиката палмата била сфаќана како победен знак, а исто така и во христијанството. Во Ерусалим стојат со гранчиња и на литургија.

Кога Христос влегувал во Ерусалим, народите извикувале осана на Синот Давидов! Зборот„осана“ означува: „дај, спаси!“, „спаси“ (молење за помош), „спасение“ (увереност во помошта), „слава“ (израз за радост во спасението“. Во 117 псалм „осана“ е преведен со: „О, Господи, спаси!“ (25 стих). „Осана“ го има и во песната „Свет, Свет, Свет, Господ, полни се небесата и земјата со славата Твоја: oсана во висините благословен е оној кој доаѓа во името Господово, осана во висините“. Изразот „во висините“ значи дека осана е упатено кн Бог кој живее во височините, односно Бог чиј статус нема географска одредница, ниту конкретна местоположба, бидејќи е нестворен, несоздаден.

На овој ден се јаде риба.

Милош Дрпа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz