Некои мали грешки што се прават при исповед

ispoved

Господ, со апсолутна и непогрешлива прецизност створил сè околу нас. Ја направил материјата да функционоира со физички и хемиски закони и сè постои во хармонија. Но, човекот, со своите дела, воден од егоизмот, ја нарушува таа хармонија. Тогаш во природата настапуваат катаклизми. Вината за ова не е кај Бога, туку наша.

Така е и со духовната сфера во животот – ние со нашите дела (во случајов, гревовите), ја рануваме својата душа и како последица на тоа се случуваат катаклизми и аномалии на духовен план.

Нема друго средство со кое можеме да се извадиме од веќе извршените гревови, освен покајанието. Исповедта е најбитниот дел од покајанието.

Не е важно какви сме били до средбата со Бога, туку какви сме после тоа. Добрата исповед не зависи од нашата ученост, способност, воспитување, туку од нашата решителност.

Обично христијаните паѓаат на следново: да не го извалкаат својот образ пред свештеникот со тоа што ќе кажат понижувачки гревови. Многу често се случува да се исповедаат општи и површни работи, малку на број. Тоа не покажува дека човекот е горе-долу добар, туку дека нема правилна претстава за себе си. И гревовите си стојат непростени, а и на свештеникот му штетат вакви луѓе.

Значи, исповедта треба да е искрена и темелна, а за тоа треба грижа и подготовка.

Друга грешка при исповед е формалното исповедање на гревовите, без тие да поминат преку срцето. Исповеданиот грев, без покајание, повторно ќе биде извршен, т.е за него нема да добиеме прошка. Тука немаме во предвид: човекот на исповед, визуелно-драматично да го преживува покајанието пред свештеникот. Тоа е разговор меѓу душата и Бога. Свети Игнатиј Брјанчанинов вели дека гревовите треба да се исповедаат торжествено. Смело да го изобличуваме тоа во кое сме паднале.

Втората пречка за добра исповед е повлеченоста и срамот, кои го гонат покајанието.

Уште една слабост при исповедта што ја допуштаме е следнава: кога некој ќе направи конкретен грев, сака да се ослободи од него, но не затоа што се кае, туку затоа што има грижа на совест. Велиме: „Како може да сум ваков/ваква“. Ова е егоизам, кој носи кон тага, мака, разочарување, очајание, смут.

Грижата на совест е егоизам.

И решаваме да отидеме да се исповедаме, само за да ни помине грижата на совест. Но, ние не се исповедаме за да немаме грижа на совест. Гревот не е на психолошко ниво, за да се занимаваме со грижа на совест и со други психолошки состојби. Гревот ја повредува нашата душа и нè одделува од Бога.

Затоа, кога грешиме, да немаме грижа на совест, или да паѓаме во депресии, туку да знаеме дека сме го повредиле Бога. Тогаш ќе започнеме дијалог на покајание со Него, по што доаѓа исповедта пред свештеникот.

Господ не сака да бараме дупки, туку сака само покајание и смирение.

Свештеник Стојан Флорентинов

Оставете коментар

3 Comments on "Некои мали грешки што се прават при исповед"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

Добар ден се наоѓам во КПУ Идризово дали можете да ни донирате книги од Житијата на Светиите и др. Литература Господ да ве богослови

wpDiscuz