Недела на св. Јован Синаит, наречен Лествичник

Синаксар

Свети Јован го умртвуваше телото додека беше жив,
Затоа сега живее вечно, иако е мртов по тело.
Во списот Рајска скала (Лествица), што ни го остави,
Ни го опишува својот пат на искачување (кон небото) Јован умре во триесеттиот ден.

Кога тој имаше 16 години, бидејќи беше остроумен, се принесе себе си како света жртва на Бога, кога се искачи на Синајската Гора. Потоа, по 19 години, се предаде на безмолвие за време од 40 години, во манастирот Палестра, на местото наречено Тола, горејќи секогаш со љубов кон Бога. Јадеше се што беше дозволено според заповедите, но мошне умерено, совладувајќи ја мудро горделивоста. Но кој ќе го опише изворот на неговите солзи? Спиеше само колку да не ја повреди природата со бдеењето. Неговата молитва беше pостојана, а љубовта кон Бога неизмерна. Живеејќи така богоугодно, ја напиша и книгата Лествица (Рајска скала), во која го изложи своето учење за духовното усовршување, како и други книги, и се упокои во Господа.
По неговите молитви, Боже, помилувај нѐ и нас и спаси нѐ.

+ + +

Недела на св. Јован Лествничник
Недела на св. Јован Лествничник
Недела на св. Јован Лествичник. Зошто Црквата (токму) него го поставува среде постот како најсвета икона, за сите да гледаме во него? Јован Лествичник. Кој е тој? Човекот кој живеел и ја напишал Рајската лествица (=скала). Кој го доживеал воздигнувањето на човекот од пеколот до Небото, во Рајот. Тој ја доживеал лествицата од земјата до Небото, лествицата која се протега од дното на пеколот човечки до врвот на Рајот. Ја доживеал и напишал. Многу образован, многу учен. Ја водел својата душа по патиштата Христови, ја водел сè од пеколот до Рајот, ја водел сè од ѓаволот до Бога, ја водел сè од гревот до безгрешноста. И сето тоа богомудро ни го опишал, што (тоа) човекот доживува борејќи се со секој еден ѓавол (кој стои) позади гревот.

Рајската лествица – што е тоа? Тоа се светите добродетели, светите евангелски добродетели: смирение, вера, пост, кротост, трпение, благост, добрина, милосрдие, вистинољубие, христољубие, христоисповедништво, страдање за Господа Христа. Ете и уште многу други свети новозаветни добродетели. Секоја заповед од Господа Христа, тоа е добродетел, браќа. Ја исполнуваш ли, ја извршуваш ли, на пример, Неговата заповед за постот, ја вршиш ли, ја извршуваш ли? Постото е света добродетел, скалило на лествицата од земјата до Небото. Постот, славниот пост, дури (е) и цела лествица од земјата до Небото. Секоја добродетел е мал рај, секоја добродетел ја негува душата, ја облажува, во твојата душа воведува божествена небесна милост. Секоја добродетел (е) златно и дијамантско скалило во лествицата на твоето спасение која се протега меѓу земјата и Небото, се протега меѓу твојот пекол и твојот Рај. Секоја добродетел…

Извадок од беседата на св. Јустин Келијски, Нов Богослов

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz