Не објавив ништо на Фејсбук

manastitr

Еден пријател неодамна на Фејсбук го објави следниов статус: „Толку многу нешта се случуваат во мојот живот, но не објавив ништо на Фејсбук!“

Многу вистинито. Секој момент нешто се случува. Некој зборува, мисли, се бори, игра, пее, плаче, се моли. Секој човек во животот на еден човек. Мојот живот е толпа луѓе, а мојот ум е толпа идеи, и моето биро е толпа проекти и планови. Но, колку од овие нешта се „објавуваат“?

Социјалните мрежи го направија нашиот свет МНОГУ јавен за разлика од претходно. Како никое поколение претходно, денес е можно да дознаеме кога точно некој на другата страна на светот нацртал нешто или се избањал. Гледаме приватни видеа од луѓе кои не ги знаеме, ниту пак некогаш ќе ги запознаеме. Оставаме коментари на дебати кои претходно физички не би можеле да ги чуеме.

Во минатото, приватноста беше стандард. Не беше возможно да се „зборува со светот“, освен ако не сме познати и моќни. Но, сега тоа е возможно, и тоа значи дека секој настан станува можност – дали да го споделам ова? Споделувањето не е нешто што се прави со пријателот додека пиеме кафе. Споделувањето е нешто врз кое моментално губиме контрола, нешто што не може да се врати назад.

Сите ние знаеме колкав е бројот на интернет корисници кои „немаат филтер“. Низ целиот свет луѓето во секоја секунда (секоја милисекунда, секоја наносекунда) кажуваат ствари во онлајн светот.

Сѐ уште постојат луѓе кои МИСЛАТ двапати пред да ја споделат интимноста на секојдневниот живот на социјалните мрежи. И тоа е добро. Но, соочени со неуморната поплава што се случува околу нас, изборот да не се сподели ни делува стресно, тешко. Секако, споделувањето може да ни олесни, но кога истото е нужен, планетарен настан, тоа станува недолично, па дури и срамно. Може да ја наруши нашата самодоверба, да рашири гласини, да уништи нечија кариера… толку многу моќ во еден толку малечок компулсивен чин. Тап, тап, тап, клик. Пау. Раскринкан си!

Внимателното присуство на социјалните мрежи е како да си единствениот трезен човек на вечера. Колку повеќе твоите пријатели се опиваат, толку потешко е да останеш трезен. Сепак, вреди да се остане трезен.

Мелинда Џонсон

Оперативен директор на Orthodox Christian Network

Оставете коментар

1 Comment on "Не објавив ништо на Фејсбук"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

So face book arno, bez nego poarno.

wpDiscuz