Не можам да одам на Вечерна: Што можам да направам?

Св. старец Паисиј

Живееме во динамичен свет, немаме време речиси за ништо. Би сакале да одиме на вечерни и утрени богослужби, можеби и на повечерие, но едноставно, обврските не ни дозволуваат. Понекогаш, и да ни дозволат, ќе појдеме во црква – ќе видиме дека нема вечерна, или во најдобар случај, богослужбата е отслужена. Или пак, свештеникот сака да отслужи, но не може – му недостигаат минеи, воскресници, часослов… А и да ги има, никој од верните не е доволно оспособен да се служи со нив, не знае црковнословенски, ниту типик. Што да правиме во вакви случаи?

Секако, треба да поразговараме со црковната заедница, со свештенството, да се потрудиме некако да се оспособиме и активно да се вклучиме во богослужбите (можеби свештеникот ќе може двапати неделно да нè поучи на типикот, и сите верници ќе даруваме по 200 денари за да ги набавиме барем неопходните богослужбени книги). Но, покрај ова, можеме да се послужиме со методот на св. старец Паисиј Светогорец, за кого пишува јеромонахот Исак. Бидејќи не бил свештеник, не располагал со богослужбена литература, но и секојдневно примал мноштво луѓе што доаѓале за совет или на исповед, светиот старец се молел на бројаница. Овој метод, секако, не треба да нè оддалечи ниту одврати од црковните богослужби, особено не од Литургијата. Но, може да ни помогне за постојано да се трудиме да пребиваме во заедница со Бога. Секоја богослужба е заменета со определен број на молитви (Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме) што се кажуваат на бројаница:

Вечерна: 600 молитви
Големо повечерие: 700 молитви
Мало повечерие: 400 молитви
Полуноќница: 600 молитви
Утрена: 1.500 молитви
Часови: по 250 за секој час, односно 1.000 вкупно за прв, трет, шести и деветти час

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz