Не грижете се

Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доста му е неговото зло. Има ли меѓу вас човек, кој, ако му посака неговиот син леб, да му даде камен, и кога посака риба, да му даде змија? И така, ако вие, бидејќи лоши, умеете да им давате на своите чеда добри дарови, колку повеќе вашиот Отец небесен ќе им даде добра на оние што Му бараат?

Мт. 6,31-34; 7,9-11

Не грижете се. Но тогаш, како да живееме? Треба да јадеме, да пиеме, да се облечеме. Меѓутоа, Спасителот не вели: „Не правете ништо“, туку – „Не грижете се. Не се оптоварувајте со грижи кои ве јадат дење и ноќе, и ниту за миг не ви даваат мир“. Таквата грижа е гревовна болест. Таа покажува дека човекот се ослонува на себеси, и дека заборавил на Бога; дека ја изгубил надежта во Божјата промисла, и дека сè што е поврзано со него сака да го уреди единствено врз основа на својот труд – и уште, дека сè што му треба сака да добие, а потоа и да го зачува преку своите способности.

Таквиот човек со сето срце се приврзал за сè што има, и мисли дека на тоа може да почива како на цврста основа. Љубовта кон имотот го врзала, и тој мисли само за тоа како повеќе да прибере во своите раце. Со тој мамон Го заменил Бога. Меѓутоа ти, ако е до трудот – труди се, но немој да се грижиш. Очекувај го секој успех од Бога и предај се во Негови раце. Сè што ќе доживееш примај го како дар од Господовите раце и во цврста надеж очекувај го продолжувањето на Неговата милост. Ако Бог посака, од целото богатство на боатиот може во една минута да не остане ништо. Сè е минливо како прав. Зошто тогаш да се мачиме себеси?

Не грижете се!

Свети Теофан Затворник

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz