Не е постот доволен за да се приближиме до Бога

Милостина

Викај со сиот глас, вели Господ преку светиот пророк Илија, не се воздржувај; укажи му на народот Мој на беззаконието негово. А што направил народот? Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта. Зарем не е тоа нивна обврска? Да, должни се да го прават тоа. Меѓутоа, не го прават тоа како што треба. Очекуваат само преку пост да успеат во ова, не грижејќи се за правдата и љубовта.

И постот ми е угоден, вели Господ, но само тогаш кога, смирувајќи си го телото, ги простуваат навредите, ги отпуштаат долговите, ги хранат гладните, бездомниците ги воведуваат во својот дом, и голите ги облекуваат. Кога сето ова ќе му се придаде на постот, тие ќе можат да Ме се следат и да ги знаат Моите патишта. Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора… и славата Господова ќе те придружува. Тогаш ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Он ќе рече: „Еве Ме.”, и Господ секогаш ќе ти биде водач.

(Ис.58,1-11)

Св. Теофан Затворник
„Мисли за секој ден во годината“

+ + +

Поитај, додека имаш време, и посети Го Христа во болеста, дај Му храна на Христа, облечи ја Неговата голотија, почитувај Го, но не само во олтарот, или со скапоцен елеј, или на гробот Негов, или со злато, ливан и смирна… Воздај Му почит преку сиромашните, помогни им на оние што секојдневно се мачат…

Св. Григориј Богослов

Оставете коментар

1 Comment on "Не е постот доволен за да се приближиме до Бога"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted

[…] Извор: Православие.мк […]

wpDiscuz