Не е доволно да бидеме само фанови на старците

Многумина денес се во потрага по старец кому би му го довериле решавањето на своите проблеми. Тие сакаат да го најдат новиот старец Пајсиј, кој би имал една општа и безгранична љубов, кој би бил даруван со свет живот и дар на молитва, преку која би творел безброј чуда. Тие им се јавуваат на прочуените свештеници за да се запознаат со нив, а во себе жалат зашто не им била дадена можноста да го запознаат старец Пајсиј додека тој сѐ уште бил жив.

Одговорите кои најчесто ги добиваат овие луѓе ги утешуваат дека Бог повторно ќе испрати добродетелни старци кои ќе нѐ крепат. Секако, ова им влева надеж, но нашите браќа и сестри сакаат да се соочат со своите проблеми сега, а не во иднината. Ова може да се види во тонот на нивниот глас, во нивната болка и нивните солзи.

Честопати луѓето се потпираат на молитивите на другите, заборавајќи дека и нивната молитва, доколку се излее од чисто срце, Бог ќе ја чуе и услиши. Односнот со Бога не мора да се оствари преку посредник. Секој од нас мора да се моли, духовно да се бори, да ги пази Евангелските заповеди, и да моли помош од оние кои би му помогнале. Значи, доколку некој повреден брат или сестра стане незаинтересиран и мрзелив, треба да живне и да го побара Божјиот пат!

Сум забележал дека многу од книгите кои се напишани за денешните старци се повеќе насочени кон чудата што тие ги направиле, отколку кон нивните учења. Ова е нешто што треба да биде поправено. Целта на едно чудо е препознавање на светоста на еден човек, додека бројот на чудата нема одредена вредност. Што би значело едно чудо, а што – сто чуда? Зарем не е исто? Не смееме да заборавиме дека Христос е Тој Кој ги прави чудата преку Своите избраници. Доколку Христос оцени дека едно чудо, побарано од некоја личност, нема да ја помогне неговата духовност, Тој нема да го направи чудото.

Нашето вниманние воглавно треба да се насочи кон поуките и учењата на старците. Ние мора да учиме од нив, да ги созерцаме нивните поуки, да се восхитиме од нивното значење и да ревнуваме целосно и без погрешни толкувања да ги исполнуваме, бивајќи уверени дека сето она на што нѐ поучуваат, тие најпрво го примениле на себе. Нивните учења произлегуваат од нивниот опит, и токму поради тоа тие на свет начин ги менуваат добронамерните ученици кои ги примаат овие свети семиња на почвата на нивните души, напредувајќи во животот во Христа. Наскоро ќе откриеме дека патот на старците мора да стане наш пат, и нивниот опит мора да биде наш опит.

Не е доволно да бидеме фанови на старците, а своите животи да ги насочиме на поинакви патишта. Ние мора да бидеме нивни смирени подражаватели. А тие нека бидат светли примери во нашиот духовен живот.

Протопрезвитер Дионисиј Тацис

Оставете коментар

1 Comment on "Не е доволно да бидеме само фанови на старците"

Извести ме
1000
Sort by:   newest | oldest | most voted
Зошто чудото кое постојано го бараме во светоотечките книги,да не биде наше чудо,секој во своето срце да го доживее,а го доживува но не го препознава како чудо. Поуките и учењата на старците будејки го духовното уво во нашето срце,потикнувајки ја нашата активност во ревнување на нови духовни вредности,менувајки ги нашите потреби, желби и менувајки ги нашите навики и ставови,сведочејки со делата дека сме Христови следбеници,зарем не сме дел од чудото кое со Божјо допуштение,светоотечките опитни старци го посеале во нашите души и повеке не сме само бројка на симпатизери напротив со нашите трудови и примери,ние сме нивни следбеници,подржаватели.Тоа е вистинското.Тоа… Read more »
wpDiscuz