Нè доведе во царството

Тој нè избави од власта на темнината и нè доведе во царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите, и Кој е образ на невидливиот Бог, првороден пред секоја твар; бидејќи преку Него е создадено сè што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сè е преку Него и за Него создадено. Он е пред сè, и сè преку Него се држи. И Он е глава на телото, односно на Црквата…

Кол. 1, 13-18

Како што нè потсетува апостолот денес, ние сме „префрлени“. Од каде? Од власта на темнината, каде ништо не се гледа. Каде? Во царството, каде Синот, Кого можеме да Го видиме во Неговото воплотување, Кој е образ на невидливиот Бог, царува. Тој е глава на телото, и сè држи во Неговата светлина со која нè воспитува. Во Неговата светлина можеме да видиме каде сме, и да го видиме патот пред нас.

Исус Христос

Но, во Божјото царство ние не пребиваме против нашата волја. Во секое време може да се вратиме назад, во темнината, во која не го гледаме патот пред нас, и каде нема раст. Ова утро да избереме Бог да нè доведе, уште еднаш, во Неговото царство, и гледајќи Го Неговиот лик, да речеме: „Христе, вистинска Светлино Која ги просветува и осветува сите луѓе од овој свет: нека се јави светлината од Твоето лице на нас, за во неа да ја видиме Светлината Непристапна, и да ги води нашите стапки по патот на Твоите заповеди.“ Амин.

Сестра Васа

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz