Не биди мрзелив и моли се за починатите

Парастос за упокоени

Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж. Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, нема да ги испревариме умрените, бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа.
1Сол. 4,13-17

Никого нека не го мрзи да си спомне за своите родители. Но, треба да се спомнат и сите православни христијани, и тоа не само на овој ден, туку во секое време и на секоја молитва. И самите ќе преминеме таму, и нам тогаш ќе ни биде потребна таквата молитва како што на бедниот му треба корка леб и чаша вода. Сети се дека молитвата за починатите е силна поради тоа што е заедничка – се вознесува од страна на целата Црква. Црквата диши со молитва. Според природата на нештата, кога е бремена, мајката диши, а силата на дишењето преминува и на детето. Така е и според благодатниот поредот на нештата – Црквата диши со заедничката молитва на сите нас, а силата на молитвата преминува и врз починатите што се наоѓаат во прегратката на Црквата. Оти, Црквата ја сочинуваат и живите и мртвите, и оние што се борат, и оние што се прославени. Не биди мрзелив и при секоја молитва спомни ги сите преминати отци и браќа наши. Нека тоа биде твојата милостина за нив…

Св. Теофан Затворник

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz