Науката и безбожниците

Пред неколку години, на едно предавање, во Лондон, еден безбожник докажуваше дека најголемиот дел од научниците не верува во Бога. Тоа длабоко го навреди и растажи професорот и научник Табрума, кој одма изјави дека е тоа е клевета и лага против научниците, и реши тоа одма да се докаже на дело. Со решеноста и истрајноста која е вродена во англиската раса, тој презеде тешка задача да види што научниците мислат за Бога. поради тоа, испратил многубројни писма до учените луѓе во Европа и Америка, поставувајќи им две едноставни прашања: 1) веруваат ли тие во Бога? 2) Познаваат ли некој научник кој не верува во Бога? И одговорите пристигнуваа од сите страни, едноставни и јасни одговори, сите меѓу себе слични: Научниците изјавија дека веруваат во Бога и дека основниот христијански догмат не им противречи на тековите на современата наука. Табрум намерно направи цела книга од тие многу бројни изјави. Еден ботаничар пишува: „ Со помош на микроскопот го видов Бога, се восхитувам и се радувам на мудроста на Творецот“. Друг научник пишува: „Малата наука оддалечува од Бога, а големата наука го враќа човекот кон Бога“. – Оваа втората изјава толку е интересна што апсолутно се сложува со мислењето на св. Василиј Велики (+379).

Фрактал

Безбожниците и луѓето кои слабо размислуваат, од науката прават (од која ништо не знаат како треба_ еден вид вера, а од природата едно безимено божество. Тие тврдат дека треба да и се остави се на природата и дека природата создала се. Тоа значи: природата го создала времето и текот на времето; просторот; светлоста; воздухот; водата; движењето; земјата; ѕвездите; мракот; билките; животните и човекот. Добро, па сето тоа и го нарекуваме под името природа и се прашуваме кој тоа го направил! Како може природата сама себеси да се создаде, или како може поимот за природата да се раздели на природа која создава и природа која е создадена? По својата природа сонцето дава светлост и топлина. Од каде му е тој дар да им свети наѕвездите и луѓето, на птиците и ѕверовите, на растенијата и воздухот. Тоа е мил сродник на целиот живот, извор на непресушна и голема благодат и неопходна потреба. Кој го научи него, односно, кој го создаде за да свети? Дали природата? Ако е природата, тогаш неминовно е дека природата во која не било ни сонцето, ни светлоста, создала природа во која има сонце и светлост? Тоа е невозможно. Ориродата во која нема светлост, не е природа, ниту некогаш постоела.

Човечката гордост и себичност и во старите времиња се судрувала со делата Божји: Кога Питагора ги изучувашемисирските и индијските празноверија, кај грчките интелектуалци владеело мислењето дека се е „случајно“ создадено и дека се во светот се случува случајно. Во таа заблуда пред своето покајание верувал св. Ефрем Сирин (+378). Малку да се размисли и лесно е да се види дека „случајот“ е сличен и сроден со умниот идол на „природата“ која создала се.

Тоа што научниците изјавија дека веруваат во Бога, тоа е признавање на нивните души, а не на искуството на нивната наука. Науката нема задача да одредува прописи и докази за верата во Бога. Научниците се користат со сетилата, преку прорачун и разум, кои целосно се ограничени на видливата природа. Нека има милиони научници и нека испитуваат што сакаат, никаква трага нема да најдат за Царството Божје. А што вреди да се верува во Бога, а да не се надева на Царството Божје?

Верата има своја наука. Таа наука ја искажа Христос, а ја повторија и потврдија апостолите мачениците и Црквените Отци и Светители. Таа е во строга врска со Светите Тајни (свештенство, покајание, причесна, итн.). Таа е во строга врска со духовното обновување, која е голема благодат Божја, а се состои во одржувањето на телесната и духовната чистота, во практикувањето на добродетелите. Првата величина е смирението: христијанинот треба себеси да се смета за едно големо ништавило; да му служи на секој урдно и искрено, да е понизен, да трпи, и за ништо да не се разјарува. Бидејќи кој се понижува себеси, него Бог го воздигнува; кој се обвинува себеси, него Бог го оправдува; кој себеси не си верува, него Бог го умудрува. – Како што се гледа, таквите мисли немаа скоро ништо слично со мислите на научникот за верата.

Безбожниците би сакале за своја потврда да го имаат било кој тек на човечкиот труд. Односно, со нешто што е добро и признаено, да го потврдат она што е зло, подло и фатално, со науката и научниците да ги посведочат своите мрачни замисли. Подобро би им било, побрзо да му се вратат на разумот, кога својата „вера“ би ја потврдувале со своите „дела“ и кога би си говореле себеси и на другите: ние не веруваме во Бога и со нашите дела и мисли се однесуваме без обзир кон Бога. И кој ни го спомнува тоа име, нам ни е одвратно. И ги мрзиме оние кои се обзираат на вољата Божја.

– Значи, помеѓу науката и безбожништвото растојанието е неизмерно големо

Преподобен Николај Охридски и Жички

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz