Научете ги децата да Му се молат на Бога

Лек и голема тајна на детскиот напредок е скромноста. Довербата во Бога дава потполна сигурност. Бог е сè. Никој од луѓето за себе не може да рече: јас сум сè. Тоа само би го заврстило егоизмот. Бог од нас бара да ги водиме децата по патот на смирението. Ниту ние, ниту децата нема да сториме ништо без смирение.

Треба да бидете многу внимателни кога ги поттикнувате децата на нешто. Не треба на детето да му велите: „Ќе успееш во тоа. Способен си, млад си, храбар, совршен“. На тој начин не му користите на детето.

Но, можете да го научите да Му се моли на Бога. Речете му: „Дете мое, Бог ти ги даде даровите што ги имаш. Помоли Му се да ти даде сила да ги негуваш тие дарови, и да постигнеш успеси. Бог нека ти ја даде Својата благодат“.

Деца
Деца

Ова е совршениот метод. На овој начин децата треба да се научат да бараат помош од Бога.

Фалењето им нанесува зло на децата. Што ни вели словото Божјо? „Народе мој! Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш.“ (Ис. 3, 12). Оној кој нè фали, нè залажува и го расипува патот на нашиот живот. Колку се премудри зборовите Божји! Фалењето не ги спрема децата за потешкотиите во животот и тие, кога ќе пораснат, биваат неприлагодени, се губат, и на крај претрпуваат неуспех.

Денес светот се расипа. На малото дете му се кажуваат само пофални зборови. Нè советуваат да не го прекоруваме детето, да не му вршиме притисок. Но, дали на тој начин тоа ќе научи нешто за животот, и дали ќе може правилно да се постави макар и пред најмалата потешкотија? Штом некој ќе му се спротивстави, тоа е веќе скршено, во него нема одважност.

Најодговорни за неуспехот на децата во животот се нивните родители, а веднаш по нив нивните учители и професори, оти постојано ги фалат, главата им ја полнат со суетни зборови. Не ги приведуваат кон Духот Божји. Ги оттуѓуваат од Црквата. Кога децата малку ќе потпораснат и ќе тргнат на училиште со таквиот егоизам во себе, се оддалечуваат од верата и ја презираат. Ја губат почитта кон Бога, како почитувањето на родителите и сите останати. Стануваат нескротливи и немилосрдни. Во нив нема почит ни кон верата, ни кон Бога.

Испративме егоисти, а не христијани во животот.

Старец Порфириј

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz