Нашите мисли влијаат врз сите околу нас

Црква во Епир

Покајанието е промена на животот. Потребно е човек да појде кај свештеникот, или кај својот ближен, и да му каже што е тоа што му го ремети мирот. Штом другите земат учество во нашето страдање, ние добиваме утеха и сила.

Ако се свртиме кон Изворот на Животот, Господ ќе ни даде сила за во себе да ги зајакнеме добрите мисли зашто добрите мисли, добрите желби, насекаде носат мир и утеха. Мора да се промениме.

Нашите мисли влијаат не само врз нас, туку и на сето она што нѐ опкружува. Мораме да упатуваме добри мисли. Господ бара од нас да ги сакаме нашите непријатели, не поради нив, туку поради нас самите. Треба да им простиме од сѐ срце. Кога така простуваме, ние сме соучесници во мирот, а овој мир создава радост и утеха во сите околу нас. Сите ги чувствуваат нашите мирни и тивки мисли.

Старец Тадеј

Пред да се очисти, срцето е полно со светски желби и се радува на нив. Но, кога ќе се очисти, тоа не се грижи за нив, и тогаш неговите радости се духовни. И така, презирајќи ги светските желби, срцето се чисти. Пред да ги презре, тие го привлекуваат.

Старец Паисиј Светогорец

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz