Социјален експеримент: Напад и одбрана

Претставени се две ситуации. Во првата, Кавказец „напаѓа“ Русинка, а во втората Русин – Кавкаска. При нападите кон Русинката, никој не реагира, додека, пак, при нападите на Кавкаската, неколку Кавкасци се впуштаат во физичка пресметка за да ја одбранат „нивната сестра“, иако не ја ни познаваат, како што и самите велат.

Еве и неколку коментари за самото видео: *** Браво за Кавкасците *** Ова значи дека Кавкасците се грижат само за своите девојки. Срам да им е на руските мажи *** За жал, самиот експеримент во видеово е несразмерно направен. Првиот случај е ‘напад’ на момче врз девојка, додека пак вториот е религиозен напад ***

Ако земеме во предвид дека првата девојка е православна, тогаш ваквите реакции може да ги објасниме на следниов начин: самиот ислам е повеќе насочен кон надворешна, телесна манифестација на религиозноста (хиџаб, облека, миење) додека пак православието е религија на ‘срцето’, и токму затоа, нападот на жена со шамија е доживеан како напад кон исламот. Но, сепак, да не заборавиме дека ова е еден „репрезентативен примерок“ којшто сигурно би имал поинакви резултати да е правен во некоја друга земја, или на друго место.

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz