Најмалото од сите семиња

Со што да го споредиме царството Божјо, или со каква парабола да го прикажеме? Тоа е како синапово зрно, кое, кога се сее в земја, е помало од сите семиња земни; а кога се посее, израснува и станува поголемо од сите растенија, и пушта големи гранки, така што под неговата сенка можат да се засолнуваат птиците небески.

Мк. 4, 30-32

Параболата на семето синапово
Параболата на семето синапово
Во тешки моменти, кога нештата се хаотични и/или разочарувачки, малото „семе“ на Божјото царство насадено во нас можеби ни изгледа реално незначајно. А сепак, токму ова мало делче од Царството, оваа малечка вера, што ја носиме со нас како крстоносци, ја прави разликата среде жегата на искушенијата. Всушност, во жегата, додека чекориме низ неа во Христа и со Христа, Првиот Крстоносец, ова семе најбрзо расте, станува „поголемо од сите растенија“, и под неговата „сенка“ е засолниште за мене и моите ближни.

Затоа, денес да се фокусираме на „семето“ што ни е дадено, дозволувајќи Му на Словото Божјо да расте во мене и да „пушти големи гранки“, наместо да се разочаруваме од надворешните околности што секако, еден ден ќе поминат. „Небото и земјата ќе преминат“, нè потсетува Господ, „но зборовите Мои нема да преминат“ (Мт. 24,35).

Оставете коментар

Започнете дискусија!

Извести ме
1000
wpDiscuz